Билтен (ГШ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Билтен (Скопје, август-септември 1943) бил орган на Поверенството на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ за подрачјето на Четвртата оперативна зона, на македонски јазик.[1] Објавени се неколку броја, а сочувани се само првите два броја. Негов главен уредник бил Кузман Јосифовски Питу. Меѓу другото, во првиот број е објавена и хроника на дејствувањето на една партизанска единица во Тиквешијата, а во вториот број се соопштува и за убиството на ваташките младинци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 72. ISBN 9989-624-46-1.
  2. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 152. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Литература[уреди | уреди извор]