Берилиум карбид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Берилиум карбид, или Be2C, е метален карбид. Слично на дијамантот, тој е многу тврдо соединение. Се користи во јадрените реактори како јадро.

Подготовка[уреди | уреди извор]

Берилиум карбид се подготвува со загревање на елементите берилиум и јаглерод на покачени температури (над 950 °C). Може да се подготви и со редукција на берилиум оксид со јаглерод на температура над 1.500 °C:

2BeO + 3C → Be2C + 2CO

Берилиум карбид се распаѓа многу бавно во вода и формира гас метан:

Be2C+ 2H2O → 2BeO + CH4

Брзината на распаѓање е побрза кај минералните киселини со еволуцијата на метанот .

Be2C + 4H + → 2Be 2+ + CH4

Кај топли концентрирани алкали, реакцијата е многу брза, формирајќи берилати на алкалните метали и метан:

Be2C + 4OH → 2BeO2 2− + CH4

Надворешни врски[уреди | уреди извор]