Бентос
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Бентосот е група на водни организми составена од животни форми кои живеат на дното од водните екосистеми. Застапени се од литоралот, па до ултраабисалот. Сите тие се одликуваат со неколку посебни прилагодби за живот на дното:
- Поголемиот дел животни се со радијална симетрија (Cnidaria, Echinodermata) или се асиметрични (Porifera);
- Поголемиот дел се со вреќовиден план на градба на телото, без анален отвор (Cnidaria – Anthozoa, Hydrozoa);
- Најчесто филтраторен начин на исхранување, со разни видови на перести жабри (Polychaeta) и филтраторни апарати (Bivalvia);
- Одредени претставници живеат во куќички кои служат како заштита (пред се Polychaeta и Rotifera);
- Посебен животен фактор е супстратот за кој се прикрепени.
Содржина |
[уреди] Поделба по големина
[уреди] Макробентос
Опфаќа поголеми, видливи форми, обично поголеми од 1 mm.
-
Асцидија која служи како супстрат за јајцевата спирала на голожабрените полжави.
[уреди] Мејобентос
Тоа е ситен бентос кој опфаќа организми помали од 1 mm, но пошироки од 32 µm.
-
Живи фораминифери од видот Ammonia tepida (Rotaliida).
-
Тардиград од видот Hypsibius dujardini.
[уреди] Микробентос
Тоа е микроскопски бентос кој опфаќа форми помали од 32 µm.
