Неустон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Инсект од фамилијата Gerridae, типичен хипернеустонски организам.
Ларви од комарец кои живеат во хипонеустонскиот слој.

Неустон (од грчки neustos - пливање) е име за група на водни организми кои како своја животна средина го користат површинскиот напон кој владее на површината од водните екосистеми. Тој образува еден вид на површинска дамка. Овие организми се среќаваат на помирните места во стоечките води (најчесто езерата), каде нема големо бранување на водата.

Типичните претставници на оваа зона се најчесто со мали димензии, но може да бидат и покрупни, како на пример ларвата на весларот (Dytiscus) и полжавот Lymnaea. Во оваа зона може да се најде и камшикарот Chromulina. Во периодот кога го населува неустонот, тој со камшичето се прицврстува за површинската дамка и избива на површината, каде и останува. Доколку се развие во поголем број, на водата и дава златнометален сјај. Исто така, и некои планктонски алги можат повремено да ја населат оваа зона. Euglena neustonica, на пример, може да создаде зелени превлаки по површината. Од животинските видови во оваа зона може да се сретнат некои инсекти (Hydrometra), кои се движат по површината, а под површината, во хипонеустонот, се среќаваат ларвите на комарците заедно со барскиот полжав.

Видете исто така[уреди]

Lanishr.jpgОваа статија поврзана со екологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.