Белорусизација

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Белорусизација (белоруски: Беларусізацыя) била политика за унапредување на статусот на белорускиот јазик и промоција на Белорусите во рамките на владата на Белоруската ССР и Белоруската комунистичка партија. Оваа политика била подржана од белоруската влада во 1920-тите години.

Заедно со украинизацијата во Украинската ССР и останати помали слични процеси, во СССР била спроведена коренизацијата, обид на Комунистичката партија на СССР да се стекне со подршка од неруското население преку обратен процес на русификацијата која била активна за време на Царска Русија.

План за белорусизација[уреди]

Официјалната политика за белорусизација била започната во 1924 година од Централниот извршен комитет на Белоруската ССР. Комитетот основал комисија чија задача било да:

  • воведување на белорускиот јазик во институциите на Белоруската ССР и Црвената армија.
  • промовирање на Белорусите и нивни воведување во водечките позиции на Комунистичката партија на Белорусија, Владата на Белорусија и трговската унија.
  • организирање образовни институции на белоруски јазик, развивање на белоруската книжевност и сл.

Првичниот план било за период од три години да се воведе белорускиот јазик.

Резултати од белорусизацијата[уреди]

  • до 1927, 80% од граѓаните на Белоруската ССР течно зборувале белоруски.
  • до 1928, во 80% од училиштата во Белорусија белорускиот бил воведен како наставен јазик.

Крај на белорусизацијата[уреди]

Со подемот на Сталинизмот во 1930-те години се вратил процесот на русификација на целото население на СССР. Сите процеси за културно заживување на народите во СССР биле згаснати, сè до 1990-те.

Наводи[уреди]

  • Нарысы гісторыі Беларусі. Ч. 2. — Мн., 1995. С. 119-123
  • Запруднік Я. Беларусь на гістарычных скрыжаваннях. Минск, 1996. С. 93-94