Барнардова Ѕвезда
Барнардова Ѕвезда е црвено џуџе со многу мала маса оддалечено околу 6 светлосни години од Земјата во соѕвездието Змијоносец. Таа е четврта најблиска ѕвезда до Сонцето (после трите ѕвезди во системот на Алфа Кентаур) и најблиска ѕвезда на северната небесна полутопка.[1]
Ѕвездата е наречена по американскиот астроном Едвард Емерсон Барнард.
Планетарен систем[уреди | уреди извор]
Во ноември 2018 меѓународен тим од астрономи објави за детекцијата на кандидат за супер-Земја која орбитира релативно близу до Барнардовата Ѕвезда. Тимот беше предводен од Игнаси Рибас од Шпанија и нивната работа вклучуваше две децении на набљудување, при што нивните опсервации дадоа цврсти докази за постоење на планетата.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 26 June 2013. Посетено на 5 May 2013.
- ↑ „Super-Earth Orbiting Barnard's Star“. European Southern Observatory. 14 November 2018. Посетено на 14 November 2018.
Категории:
- Откритија на Едвард Емерсон Барнард
- Змијоносец (соѕвездие)
- Астрономски тела откриени во 1916 година
- Променливи ѕвезди со ознаки
- Глизеови објекти
- HIP-објекти
- Именувани ѕвезди
- Тела од Бонскиот преглед
- 2MASS-објекти
- Црвени џуџиња од главната низа
- Ѕвезди со големо сопствено движење
- Променливи ѕвезди од типот на BY Змеј
- Планетарни системи со една потврдена планета
- Претпоставени планетарни системи