Бакрорез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бакрорез, poeta laureatus Амросиус Ханеман (починал 1644)

Бакрорез[1] (француски: chalcographie, германски: Kupferstich, англиски: chalcography) – графичка техника, длабок печат, во која матрицата, подлогата се обработува за печатење по механички пат.

Историја[уреди | уреди извор]

Врежувањето врз метални подлоги било познато во Кина уште од X век, а во Европа од почетокот на XIII век.

Бакрорезот како техника се развила во рамките на златарскиот занает и тоа најмногу за врежување на орнамент и други украси. Кон четириесеттите години на XV век, бакрорезот започнал да се користи и за илустрирање на текстови, особено црковни како и за украси на разни кутии, молитвеници, украсувани со боја и позлата.

Најран отпечаток во бакрорез, како графичко дело, се смета графичкиот лист на анонимниот германски мајстор од 1446 година насловен „Камшикување“.

Најзначајни најистакнати автори од овој ран период биле Мартин Шонгауер (околу 1435-1491) и Албрехт Дирер кој бил еден од најголемите германски и европски бакроресци. Покрај нив, познати биле и: Ханс Балдунг (1484—1545), Лукас ван Лејден (1494—1533), Лука Кранах Помладиот (1515—1586), Хендрик Голциус (1558—1617), Клод Мелан (1598—1688).

Од подоцнежниот период попознати биле современите мајстори: Стенли Вилијам Хејтер (1901—1988), Жак Вијон (1865—1963) и други [2].

Метод[уреди | уреди извор]

Пред да биде исцртана и изгравирана, металната плоча треба да биде исполирана, исчистена, одмастена, а самото гравирање се изведува со помош на разни игли, ножеви и длета изработени од висококвалитетен челик.

При гравирањето, плочата треба да е поставена на кожно перниче, за да може да се движи и врти во сите насоки во фазата на изработката на цртежот.

Понатамошната постапка, подготовката за печатење е слична како кај бакрописот, со тоа што поставувањето на бојата треба да биде изведено попедантно и попрецизно[3].

Бакрорезот е исклучително тешка графичка техника, денес ја практикуваат мал број уметници, а карактеристична е по јасните и прецизни линии.

Поради тоа, меѓу другото до скоро била употребувана за печатење и на хартиени пари[4].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Бакропис

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „бакрорез“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. [ https://wp.radiertechniken.de/trockene-techniken/der-kupferstich/ Архивирано на 19 јули 2019 г. Kupferstich]
  3. bakrorez
  4. „Chalcographie“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 2019-09-25.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Џевад Хозо, Уметност на мултиоригиналот Прва књижевна комуна Мостар, 1988.
  • Јан Балека, Ликовна уметност. Речник (сликарство, скулптура, графика), Академија Прага 1997, ISBN 80-200-0609-5
  • Олдрих Ј., Блажичек, Кропачек, Речник на поими од историјата на уметноста, Одеон Прага 1991, ISBN 80-207-0246-6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]