Ајда Матон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајда Матон Ida Matton
Ајда Матон

Ајда Елизабет Матон (1863–1940), била шведска вајарка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Матон е родена на 24 февруари 1863 година во Јевле.[1] Студирала на Кралскиот технолошки институт во Стокхолм. Потоа отпатувала во Париз за да го продолжи своето образование.[2] Таму таа присуствувала на Академијата Колароси и Академијата Јулијан.[3]

Во 1888 година таа правела изложби во парискиот салон. Таа продолжила да ги носи своите дела на изложби во Европа; во 1896 година во Салонот на Француските уметници во Париз, во 1987 година на Уметничката изложба во Стокхолм, во 1900 година на Експозицијата Универзела и во 1901 година на Уметничката изложба во Гефле.

Таа исто така ги изложувала своите дела во Палатата на ликовните уметности на светската колумбиска изложба во 1893 година во Чикаго, Илиноис.[4]

Во 1914 година, со избувнувањето на Првата светска војна, Матон се вратила во Шведска. Таа се повторно тргнала накај Париз по војната, а потоа се вратила дома во Јевле во 1932 година.

Матон починала на 7 јули 1940 година во Јевле. Нејзиниот извајан портрет на жена е во колекцијата на Националниот музеј во Стокхолм.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gustafsson, Ronnie. „Ida Matton“. Stämplar och Signaturer. Посетено на 27 August 2018.
  2. „Matton, Ida (1863 - 1940)“. KulturNav. Посетено на 27 August 2018.
  3. „A Portrait Sculpted by Ida Matton | Nationalmuseum“. Nationalmuseum. 27 August 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-25. Посетено на 27 August 2018.
  4. Nichols, K. L. „Women's Art at the World's Columbian Fair & Exposition, Chicago 1893“. Посетено на 27 August 2018.