Ацтечки рушевини (САД)
| Национална знаменитост Ацтечки рушевини | |
| Местоположба: | округ Сан Хуан, Ново Мексико, САД |
| Координати: | |
| Површина: | 1,28 km² |
| Изградено: | 1100 |
| Посетеност: | 39.538 (2007) |
| Управа: | Служба за национални паркови на САД |
| Светско наследство на УНЕСКО | |
| Дел од: | Национален историски парк на културата Чако |
| Национален регистар на историски места на САД | |
| Тип: | Историски реон |
| Прогласено: | 15 октомври, 1966[1] |
| Референтен бр: | 66000484 |
| Национална знаменитост на САД | |
| Прогласено: | 24 јануари, 1923 |
Националната знаменитост „Ацтечки рушевини“ (англ. Aztec Ruins National Monument) е зачуван археолошки локалитет со рушевини од културата на индијанскиот народ Пуебло во северозападно Ново Мексико, САД, кај гратчето Ацтек и североисточно од местото Фармингтон, близу реката Анимас. Недалеку од ова место на југ се наоѓаат и т.н. Салмонови рушевини и културно-историски парк, со други стари рушевини од оваа култура. Најблиско населено место до овие рушевини е Блумфилд, близу реката Сан Хуан.
Градбите датираат од XI и XIII век. Кон средината на XIX век, со доаѓањето на првите американски доселеници, овие рушевини погрешно им биле припишани на Ацтеките.
Првиот локалитет е прогласен за Национална знаменитост на САД на 24 јануари 1923, а во 1928 г. е променета границата за да го опфати и вториот локалитет. Сопственик на местата е Службата за национални паркови, која на 15 октомври, 1966 локалитетот го завела во Националниот регистар на историски места на САД. На 8 декември, 1987 УНЕСКО го прогласува локалитетот за светско наследство, како дел од поголемиот Национален историски парк на културата Чако.
Наводи[уреди]
- The National Parks: Index 2001–2003. Washington: U.S. Department of the Interior.
- ↑ „Информативен систем на Националниот регистар“. „Национален регистар на историски места“. Служба за национални паркови на САД. 13 март 2009. http://www.nr.nps.gov/. (англиски)
Надворешни врски[уреди]
- Страница на Службата за национални паркови (англиски)
- Страница на објектот на УНЕСКО (англиски)
| „commons:Ацтечки рушевини (САД)“ на Ризницата |