Ахил Чаловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ахил Чаловски
Роден 1887
Битола
Починал непознато
Битола
Националност Македонец
Занимање фармацевт
Деца Лилјана Чаловска (ќерка)

Ахил Чаловски (Битола, 1887 - Битола) — македонски фармацевт.

Животопис[уреди | уреди извор]

Аптеката „Вера“ на Ахил Чаловски во Битола, 1930-ти. Фотографија на браќата Манаки

Роден е во Битола во 1887 година. По завршувањето на локалната битолска машка гимназија, се приклучил на ВМРО. Учествувал во Илинденското востание во летото 1903 година, во кое ја загубил ногата.[1] Подоцна учел фармација на Американскиот универзитет во Бејрут, но дипломирал во Цариград.[2] Во 1910 година отворил аптека во Битола, а во 1916 година кога заминал за Бугарија аптеката ја води неговиот брат Петар. Иако немал квалификации му било дозволено да ја работи заради потребата. По војната во 1920 година на Петар му била одземена лиценцата. Во 1921 година Ахил се вратил и повторно ја отворил аптеката. Во 1926 година ја преселил од спротивната страна на реката, кај рибарниците, каде што работел до своето пензионирање. Чаловски бил член на битолскиот огранок на Бугарските акциони одбори во 1941 година.[3] Во подготовките за повлекувањето на Германците од Битола во есента 1944 година, тој бил вклучен во списокот од 16 заложници. Тие требало да обезбедат непречено повлекување на Германците од градот.[4]

Чаловски бил женет со Невена Мирчева, сестра на Кирил Мирчев. И бил татко на политичарката и поетеса Лилјана Чаловска.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Бойдев, Васил. „От юнкер до генерал. Това, което малцина знаят“. Посетено на 12 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Aптеката на Ахил „Кај Рибарниците". Бабам Битола. May 11, 2016. Посетено на 12 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Минчев, Димитър (1995). Българските акционни комитети в Македония – 1941 г. София,: Македонски научен институт. стр. 111.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  4. Михаило Апостолски, АСНОМ, остварување на идеите за создавање на македонската држава и неговиот медународен одглас и одраз: симпозиум посветен на 30-годишнината од АСНОМ, Скопје, 23-25 октомври 1974 година, МАНУ, 1977, стр. 451.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]