Асиметрични информации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Асиметричните информации укажуваат на состојбата на пазарите кога продавачите и купувачите поседуваат различни информации за карактеристиките на добрата и услугите што се предмет на купување и продавање. Тие како еден од значајните домени на пазарен неуспех најчесто се поврзуваат со социјалната сфера — пензискиот систем, здраствениот систем, пазарот на труд, осигурувањето на имот и лица и слично. Економијата на информации докжува дека наспроти идеализираното и нереално тврдење на класичната микроекономска мисла,учесниците во економскиот живот секогаш располагаат со целосни совршени информации за пазарот, за карактерот на технолошките процеси, за особеностите на производите и услугите, реалниот свет е многу почест свет на некомплетни и често асиметрични информации.

Феномени[уреди]

Асиметричните информации се соочуваат со феномени како:

Онаа што е суштинска карактеристика на проблематиката врзана за асиметричните информации е всушност следново: онаму каде што егзистираат асиметрични информации, пазарот лошо функционира и не може ефикасно да ја врши својата најзначајна функција т.е алокација и реалокација на ретките и ограничени ресурси во точките кои што даваат најпродуктивна употреба. Поради тоа е потребна државна регулација на пазарите каде што постојат асиметрични информации за да се ублажат или евентуално да се надминат проблемите со функционирање на истите.

Значајни придонеси[уреди]

Позначајни придонеси во анализа на асиметричните информации дале: Џорџ Стиглер; Џејмс Мирлис и Вилијам Викри. Пет години подоцна во 2001 година, тројца американски економисти Џорџ Акерлоф, Мајкл Спенс, Џозеф Стиглик добија Нобелова награда за економија од областа на пазарите со асиметрични информации, но таа им е доделена за достигнување во изучувањето на асиметричните информации во доменот на информациската економија, а посебно во комерцијалниот сектор.

Вовед во асиметрични информации[уреди]

Оптимизирањето на трошоците и ефектите од прибраните информации подлежи на принципи и законитости. Во случајот на информациите тоа значи дека прибирањето на дополнителни информации за добрата и услугите кои се предмет на купување и продавање е исплатливо сè додека дополнителниот маргиналниот трошок за прибирање дополнителни информации не се изедначи со маргиналниот приход (корисност) што се реализира од дополнителните информации. Од оваа произлегува дека информациите се сведуваат на инпут во економската активност и дека тие се врзани со трошоци кои треба да се интегрираат во цените на добрата и услугите исто како тоа што е случај со сите други производни трошоци, со транспортните трошоци. Трошоците за прибирање на информации се сведуваат на трошоци на истражување. За да се намалат негативните последици од нивното постоење, потребно е да се откриваат.

Развој на тезата на асиметрични информации[уреди]

Џорџ Стиглер[уреди]

Добитник на Нобелова награда за економија 1982 година за неговиот придонес во истражувањето на индустриските структури и функционирањето на пазарите, како и на причините и ефектите од државната регулација. Според Стиглер тврдењето за перфектноста, на информациите на моделот за совршена конкуренција, како еден од основните постулати на класичната микроекономија е само фикција. Во реалниот економски живот информациите се имперфектни и нивното прибирање предизвикува трошоци што во основа се многу скапи и се сведуваат на трошоци за истражување. Тој исто така го испитува и проблемот на профитабилноста на информацијата и во врска со тоа пишува „ако трошокот за истражување се изедначува и со маргиналниот приход оптималното ниво на истражување е постигнато“.

Џејмс Мирлис[уреди]

Добитник на Нобелова награда за економија во 1996 година заедно со Вилијам Викри. Посебниот придонес на Џејмс Мирлис поради кој му е доделена Нобеловата награда е дејствувањето на поттиците, односно мотивацијата во услови на асиметрични информации во сферата на одданочувањето и воопштувањето на оптимален даночен систем, во прв ред при одданочувањето на доходот. Според Мирлис егзистенцијата на асиметричните информации ги нарушува поттиците на луѓето и им оневозможува ефикасно да ги постигнат своите цели. Така Мирлис доаѓа до општиот принцип од кој треба да се тргне при разрешување на проблемите, а тоа е принципот на откривање. Суштината на овој принцип е да се поттикнат поединците целосно и точно да ги откријат своите приватни и скриени информации на начин што нема да биде во спротивност со нивниот сопствен интерес. Од вакви поставки Мирлис се раководи при креирање на оптималниот даночен систем.

Неговата анализа може да се сумира во три релевантни заклучоци :

  • Даночната сфера е типичен пример за егзистенција на асиметрични информации
  • Даночните системи на современите национални економии настојуваат при нивното креирање да го имплементираат принципот на праведност и ефкасност
  • Овие двајца нобеловци работеа на проучувањето на шемите на оптимален даночен систем, и ги стимулираа економистите и владите повеќе да размислуваат за оваа мистерија.

Заклучокот на Мирлис е дека оптималниот даночен систем претставува апроксимативно, линеарна, маргинална даночна стапка при што не се нарушува принципот на даночна прогресија. Ваквиот даночен систем е оптимален и поради фактот што овозможува релативизирање на конфликтот помеѓу целата на праведност и целта на ефикасност.


Вилијам Викри[уреди]

Вилијам Викри е добитник на Нобелова награда за економија во 1996 година заедно со Џејмс Мирлис. Тој за рзлика од економистите од неолибералната провениенција е противник за позначајно повлекување на државата од економскиот живот. Слично како на неокензијанците е готов да ја жртвува монетарната стабилност во замена на високата стапка на невработеност. За Викри, инфлацијата е само промевера, а невработеноста вандализам. Посебниот придонес е де факто лоциран токму во сферата на испитувањето на проблемот на тарифите (цените) во секторот на електростопанството, телекомуникациите, јавниот транспорт како и на проблемот на аукциите. Во оваа смисла неговите испитувања се многу повеќе импликативни и вонредно корисни за профилирањето на јавната политика во овие сфери. Викри го поставува и прашањето дали може да се воспостави систем на цени на добрата и услугите од препријатијата со карактеристики на природен монопол кој ќе обезбеди поефикасно користење на ресурсите. Тој дошол со заклучок дека наместо унифицираните цени кои своевремено се применувале се потребни променливи цени од време и простор кој ќе обезбедат граѓаните дефинитивно да плаќаат според цени кои би биле еквивалентни на маргиналниот општествен трошок на кус рок.

Аукциите се домен во кој асиметричните информации доаѓаат до израз. Функционерите во јавниот сектор кои ги организираат аукциите немаат прецизни информации за тоа колку потенцијалните купувачи се подготвени да платат, а потенцијалните купувачи пак немаат информации за тоа колку нивните конкуренти се подготвени да платат. Решението Викри го гледа во воспоставувањето на принципот на т.н. аукција по втора цена. Со овој принцип лицитацијата станува ефикасна и од општествен аспект, бидејќи лицето што ја добива го плаќа општествениот опортунитетен трошок кој секогас е врзан за втората напогодна алтернатива во конкретниот случај.

Неповолно избирање[уреди]

Најсинтетички гледано проблемот на неповолно избирање настанува кога заради постоење на асиметрични информации добра и услуги од различен квалитет се продаваат по иста цена. Неповолното избирање е резултат на постоење на асиметрични информации помеѓу оној кој купува и оној кој продава. Купувањето може свесно да прикрие некоја информација на штета на продавачот или обратно. Затоа пазарот не може да постави идеална цена за секоја индивидуа. Поради тоа овој тип на пазарен неуспех наметнува државна интрвенција. Класични примери за постоење на проблемот на неповолно избирање е илустриран со начинот на функционирање на

  • Пазарот на употребувани коли
  • Пазарот на осигурување на живот
  • Пазарот на кредити

Морален хазард[уреди]

Моралниот хазард настанува кога осигурената индивидуа, во услови кога осигурителната компанија не може перманентно да ја следи и контролира, односно во услови на постоење на лимитирани и асиметрични информации, е помалку претпазлива од онаа индивидуа што не е осигурана. Фактички, суштината на проблемот на моралниот хазард се огледа во фактот дека штетата на осигурениот имот не зависи само од дејството на надворешните фактори како што се времето, обидите за кражба и слично, туку, очевидно, и од грижата на осигуреникот за имотот што е предмет на осигурувањето и, врзано со тоа, од трошоците на осигурителната компанија за мониторингот што мора да го врши.

Проблемот наречен „агент директор“[уреди]

Во големите корпорации сопствениците на капиталот не можат редовно да го надгледуваат работењето на менаџерите и работниците. Во оваа ситуација, менаџерите и работниците се во функција на агент, на лица кои дејствуваат, а сопствениците во функција на директори, на лица кои трпат последици од начинот на кој претходните работат, дејствуваат. Проблемот е дотолку пореален, бидејќи познато е дека постојат противречни интереси меѓу менаџерите и сопствениците, односно менаџерите се интересираат за инвестициите и за растот на корпорацијата, а сопствениците се загрижени за висината на исплатените дивиденди. Еден можен пристап за надминување на овој проблем се сигналите кои се емитираат со висината на исплатените дивиденди. Дококу тоа не се случи, менаџерот може да биде сменет кога се во прашање јавните претпријатија.

Позначајни пристапи за релативизирање на проблемите за функционирање на пазарите со асиметрични информации се:

  1. Испраќање на пазарни сигнали
  2. Солуции базирани врз репутација
  3. Солуции од пазарен тип
  4. Солуции базирани врз договори
  5. Плати за ефикасност

Наводи[уреди]