Асен Аврамов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асен Аврамов
Роден 10 март 1900
Софија, Бугарија
Починал 26 март 1968
Рим, Италија

Асен Константинов Аврамов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Внатрешна македонска револуционерна организација [1] и Македонската патриотска организација, тој е втор уредник на весникот Македонска трибуна [2].

Животопис[уреди | уреди извор]

Асен Аврамов е роден на 10 март 1900 година во Софија, Бугарија во семејството на македонскиот револуционер Кочо Аврамов, деец на Македонскиот комитет. Студирал право на Софискиот универзитет и го предводел македонското студенско друштво „Вардар“. По завршувањето започнал со приватна адвокатска пракса. Аврамов е прв секретар на Македонскиот младински сојуз и се обидува да ја зајакне организацијата во тешките времиња по убиството на Александар Протогеров и раскол во ВМРО.

Аврамов пристигнал во САД на 25 септември 1929 година на покана на МПО, за да го замени Јордан Чкатров на должноста секретар на Централниот комитет на МПО. За разлика од други дејци на МПО како Лазар Киселинчев кои го поддржуваат линијата на неутралност на МПО во разцепот во ВМРО, Аврамов цврсто ја заземал позицијата на Иван Михајлов. На 2 септември 1930 година тој успева да се усвои резолуција обврзувачка МПО со михајловистката линија. Аврамов прави пропагандни обиколки низ државите и формира две нови локални организации на МПО - "Татковина" во Гери на 14 декември 1930 и "Христо Матов" во Охајо на 2 април 1931 година.

Избран е за главен уредник на "Македонска трибина" во 1930 година, откако Борис Зографов поднесе оставка. Во 1931 година ја предава функцијата на Љубен Димитров, а во јуни 1932 година е принуден да се врати во Бугарија поради нерешени емиграционни документи.

Во Бугарија, Асен Аврамов работи како адвокат. По 19-мајскиот државен удар во 1934 година е уапсен заедно со многу други дејци на ВМРО. Се кандидирал за народен претставник во Неврокоп, меѓутоа изгубил на изборите. Во 1937 година се вклучува во спроведувањето на идејата на Христо Татарчев за остварување на меѓународна анкета во окупирана Македонија. Аврамов се поврзува со Меѓународната арбитражна лига во Лондон и добива нејзиното согласност, како и ветување за финансирање од МПО, но во јули 1938 година владата на Георги Ќосеиванов издава забрана за патување како реакција на малтретирањето над епископ Андреј во Северна Америка. Во првата половина на 1939 година Аврамов ја снабдува МПО со информации поврзани со развојот на македонските дела. Во 1941 година испраќа телеграма до оние дејци на МПО кои биле против или се двоумеле за просоединувањето на Македонија кон Бугарија, сугерирајќи каква позиција да заземе МПО, тој тврдел дека единствената алтернатива е присоединување на Македонија кон Бугарија.

По Деветосептемврискиот удар од 1944 година Аврамов емигрира во Италија, каде што работи со Иван Михајлов и учествува на состаноците на МПО во 1952, 1954 и 1964 година. Умира во 1968 година во Рим, Италија. На неговиот погреб присуствуваа претседателот на МПО - Петар Ацев и претставникот на МПО "Тодор Александров" во Брисел - Георги Димов [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр.156
  2. История на „Македонска трибуна“ - биография на Асен Аврамов Архивирано на 12 април 2009 г. Предлошка:En икона
  3. Гаджев, Иван. „Българската емиграция в Северна Америка: поглед отвътре“, том 1 1860 - 1944, ИК Гутенберг, София, 2003, стр. 248 - 250.