Анјуј (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анјуј
Местоположба
Физички особености
УстиеАмур (река)
Должина393 км
Особености на сливот
Реката Анјуј

Анјуј, Онјуј или Дондон (руски: Аню́й, Онюй, Дондон) е река во Русија. Се наоѓа во Хабаровскиот крај.

Анјуј е десна притока на реката Амур.

Анјуј е долга 393 км, а површината на нејзиниот басен изнесува 12,700 км². Во горниот тек, Анјуј е планинска река, а во долниот дел рамничарска.

Најважна притока на Анјуј е реката Манома.