Антерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Српска антерија од музејот во Смедерево

Антерија - старинска горна облека, долга до под колена или куса до појас,[1] изработена од памук[2]. Антериите можат да бидат машки и женски. Зборот е архаизам од турско време[3] и како таков е присутен во подрачјата кои биле под турска власт.

Мајсторите кои ги изработувале антериите се викале терзии. За нивна изработка се користеле разни материјали: памук, свила, сомот, брокат. Антериите во секој крај се одликувале со одредени особености - материјал, боја, вез, должина и сл.

Антеријата во народната уметност[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2003). Толковен речник на македонскиот јазик. I. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 45. ISBN 9989-640-49-1.
  2. Македонска енциклопедија. I. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 64.
  3. Hrvatski jezični portal[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]