Ангелот на Света Софија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангелот на Света Софија
АвторБлаже Конески
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанрпесна
ИздавачСовременост
Страници27-28
Исус со свита на ангели, фреска од црквата Света Софија во Охрид

Ангелот на Света Софија — е антологиска песна на Блаже Конески, првично објавена во списанието Современост (број 6) во 1953 година.[1]

Ангелот на Света Софија[уреди | уреди извор]

Ти којшто толку време мина

под малтерот на ѕидот мрачен,

пак слободен си в простор зрачен

– о сине тих на мисла сина –

со живот пак ти гори видот

и зори како небо ѕидот.


Но таа лика што се крие

под малтерот на мојте гради

и – утеха на дните млади –

по убост како сестра ти е,

не, нема мајстор да ја спаси,

со мојот живот ќе се згаси.

Критички осврт[уреди | уреди извор]

Инспирација за оваа песна била фреската во црквата Света Софија во Охрид. Во неа поетот ѝ се обраќа на фреската која е симбол на минатото, на вечното, на нашата историја.

Но, вториот дел на песната е рефлексивен и во него поетот пее за својата младост и за минливоста на животот. Песната е строфична.

Двата дела на песната, Конески мајсторски ги спојува во целина, споредувајќи го ликот на ангелот со својата душа (под малтерот на ѕидот мрачен – под малтерот на мојте гради), но сепак спротивставувајќи ги како вечност (ангелот) и минливост (својот живот).[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Успиване на болно дете, Ангелот на Света Софија, Гугучка :: COBISS+“. plus.mk.cobiss.net. Архивирано од изворникот на 2021-12-15. Посетено на 2021-12-15.
  2. Блаже Конески[мртва врска]