Александар Шепеленко

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Глигорије Шепеленко (17 февруари 1923 во Врело (Приштина), Косово1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во Скопје се доселил во 1936 година. Завршил основно и вечерно занаетчиско училиште. Потоа изучил за машино-бравар. Работел во пиварницата во Скопје, а подоцна се вработил во рудникот Злетово, од каде заминал во партизани. Кон крајот на 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во пробивот на укрепените германско-усташки позиции на Сремскиот фронт, кај Шид-Товарник. Во една од тие борби против непријателот, храбро загинал. Бил закопан на самото место каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 163. На |first= му недостасува |last= (help)