Албарето (метеорит)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Албарето е метеорит кој во јули 1766 година паднал во близина на фразионот Албарето, во Модена, Емилија-Ромања, Италија.

Состав и класификација[уреди | уреди извор]

Албарето е обичен хондрит помеѓу Л и ЛЛ групата. Тој припаѓа на петеролошкиот тип 4.

Метероитот Алберто

Историја[уреди | уреди извор]

Падот на метеоритот Албарето е документиранод страна на филозофот Доменико Троили, кој не го сфатил вонземското потекло на објектот, и со својот трактат доставил една од првите хроники за падот на метеорит.

Покрај опишувањето на феноменот, Троили внимателно ги испитал и забележал зрната од метеорит на минерал сличен на месинг, кој го нарекол „марчезита“ и за кој долго време се мислело дека е пирит. Во 1862 година германскиот минералог Густав Роуз го анализирал составот на овој минерал и утврдил различна хемиска формула: FeS.

Поврзано[уреди | уреди извор]