Албано (езеро)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Езеро Албано Lago Albano |
|
|---|---|
|
|
|
| Место | Планина Албан |
| Координати | |
| Тип | кратерско езеро |
| Земји во сливот | |
| Површина | 6 km² |
| Макс. длабочина | 170 m |
Езерото Албано (италијански: Lago Albano или Lago di Castel Gandolfo; ) е малечко вулканско кратерско езеро на планината Албан во италијанскиот регион Лацио на 15 милји југоисточно од Рим. На езерото се наоѓа градчето Кастел Гандолфо, каде папата има вила.
Во времето на Римската Империја езерото било познато како Albanus Lacus.
Езерото е најдлабоко во регионот Лацио (170 м). Долго е околу 3,5 км, додека широко е 2,3 км, создадено од два вулкански кратера.
На езерските води во 1960 се одржувале првенствата во веслање на 17-те Летни олимписки игри кои се одржувале во Рим.
Галерија [уреди]
-
Слика од Силвестер Шедрин, пред 1825
-
Езерото Албано, Џорџ Инес, 1869
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Албано (езеро)“ |

