Џејмс Колинсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Светото семејство“ (1878)

Џејмс Колинсон (англ. James Collinson; (9 мај 182524 јануари 1881) — викторијански сликар, член на Предрафаелитското братство од 1848 до 1850 г.

Колиснон бил оддаден христијанин кого го привлекувал верскиот и високоцрковниот аспект на предрафаелитството. Се преобратил во католицизам, но подоцна му се вратил на високото англиканство за да може да се ожени со Кристина Росети, но совеста сепак го навела на католицизмот ја раскинал свршувачката. Кога Џон Еверет Миле бил обвинет за богохулство заради неговото дело „Христос во родителскиот дом“, Колинсон го напуштил Братството под убедување дека оваа дружина го срамоти христијанството.

Во периодот на работа како предрафаелит, Колинсон објавил своја побожна песна во предрафаелитскиот часопис „Зародок“ (The Germ) и насликал разни дела со верска тематика, меѓу кои најпозната е сликата „Одрекувањето на Св. Елисавета Унгарска“ (1850). По напуштањето на Братството, Колинсон се запишал во исусовска свештеничка школа, но не успеал да ја заврши.

Во 1858 се оженил со Елиза Вилер, золва на сликарот Џон Роџерс Херберт, влијателен уметник во раниот период на предрафаелитите. Враќајќи му се на сликарството насликал повеќе нералигиозни слики на битова тематика, од кои најпознати се „Се издава“ (To Let) и „Се продава“ (For Sale), на кои се прикажани убави девојки во ситуации кои наведуваат на морлано искушение.

Од 1861 до 1870 работел како секретар на Здружението на британски уметници. Во подоцнежниот дел од животот живеел во Бретања, каде го насликал делото „Светото семејство“ (1878).

Поврзано[уреди]