Џаинизам

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Џаинистички храм
Џаинистички храм

Џаинистите не веруваат во ниту еден Бог. Нивната вера се заснова на ненасилството кон сите живи суштества или ахимси.

Џаинистите веруваат во циклусот на повторно раѓање. Според ова верување, добрите луше повторно ќе се родат но како награда ќе добијат повисок ранг во животот.

Џаинизмот е основан во 6 век п.н.е. во Индија. Го основал Махавира (околу 540-468 година п.н.е.). Верниците се собираат во храмовите или во светилиштата на своите куќи. Џаинистите ги има околу четири милиони а најголемиот дел од нив живеат во Индија.

Монасите и монахините џаинисти живеат во сиромаштија, послушност и невиност. Тие мораат да го штитат својот облик на живот. Со метлата пред себе ја чистат земјата за да не згазнат некоја бубачка, а истовремено носат и маски за да не им влезат инсекти во устата.

Лични алатки