Љубовна песна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слика на Жан Антоан Вато- „Љубовна песна“.

Љубовната песна се однесува на заљубувањето и среќата која тоа ја носи. Во спротивно, тажна песна е пак за врска која се распаднала или тага по љубов која умрела. Анталогиите на љубовните песни најчесто содржат мешавина од овие видови на песни. Непристојните песни се и смешни и дрски, истакнувајќи го порадо физичкото задоволство на љубовта отколку емоционалното уживање.

Имињата на девојките[уреди]

Многу од љубовните песни се упатени директно на личноста на која ѝ се восхитуваме. Ова значи дека името на девојката често се наоѓа во насловот. Некои добро познати примери се „Maria“ (од West Side Story), „Michelle“ (од Битлси), „Jeanie with the Light Brown Hair“ (од Стефан Фостер) и „Layla“ (од Derek and the Dominoes). Се чини дека поретки се песните испеани од женски со машко име кое се појавува во насловот. Во 1964 година, песната на Сила Блек „You’re my world“ станала хит. Невообичаено, но песната не го одредува полот на пејачката. Во истата година, и Хери Секомб имал хит. Тој не требал да промени ниту еден од зборовите за да ја направи да се однесува на љубовта од мажот спрема жената. Песната на The Crystals „Then he kissed me“ станала хит. За Beach Boys било нешто едноставно да променат неколку зборови за „Then I kissed her“ да биде исто така хит. Други примери на песни со имињата на девојките во насловите се „Annie’s song“ од Џон Денвер, „Peggy Sue“ од Бади Холи, „Amanda“ од Boston, и „Sherry“ од The Four Seasons.

Некои историски или локални имиња за некоја драга, често се јавуваа во насловите. На пример „My old Dutch“ од Алберт Шевалје содржи лондонски сленг збор кој се римува „Dutch (Холанѓанка)“ со „Duchess of Fife (Војвотка со кавал“ и „Wife (сопруга)“. А песната на Роберт Барнс „John Anderson, My Jo“ го има зборот „Џо“ (збор од 18-от век за саканиот). Љубовните песни во прво лице се прилично ретки пред средината на деветнаесеттиот век, но не е познато зошто ова морало да биде така.

Познати љубовни песни од пред 1945 година[уреди]

Промената во стилот подразбира дека неколку песни се одржаа во живот повеќе од педесет години, но има исклучоци. Песната на Ел Џолсон „You Made Me Love You (I Didn't Want to Do It)“ стана хит. Попозната е филмската верзија од Џуди Герланд „Let me call you sweetheart“ која потекнува од 1910 година и сèуште е добро позната. „I Can't Give You Anything but Love, Baby“ ( Мек Хју, Филдс) прерасна во џез-стандард. Кол Портер напишал многу духовити љубовни песни. Веројатно е најпозната „I’ve got you under my skin“. „You’re driving me crazy“ од (Волтер Доналдсон) го има самоувереното чувство и е скоро синонимна со американскиот танц Чарлстон. Други песни кои се одржаа во живот од 1920-тите се: „The very thought of you“ (Реј Нобл), „All of me (song)“ ( Маркс, Симонс), „(I'm) Confessin' (That I Love You)“ (Доерти, Нејберг, Рејнолдс).

1950-тите[уреди]

1950-тите години биле можеби ерата на софистицираните бавни, мелодични песни. Реј Чарлс ја снимил „Unforgettable“, Анита Брајант ја снимила „Till there was you“ и Џони Метис ја снимил „The twelfth of never“. Една од последните песни на Кол Портер која доживеа маркетингшки успех беше „True love (song)“ од Бинг Крозби. Сè додека до нас допира „All I have to do is dream“ од The Everley Brothers, ние се наоѓаме во ерата на рокенрол. Започнал да се појавува шаблон по кој младите бунтовни пејачи ќе снимаат енергични рокенрол песни на почетокот од нивната кариера, а подоцна ќе се префрлат на меленхолични љубовни песни. Ова обично значело дека тие веќе не биле „Сериозни рокери“. Д Иверли Брадрс, Елвис Присли и Битлсите ја задржале својата состојба на рокери, иако потоа станале познати по љубовните песни. Воглавно, како и да е пејач на балади имал поинаков пат во кариерата од рокер. „Unchained Melody“ од Алекс Норт/ Хју Зерет, била хит за осум различни исполнители. Комедичната верзија од The Goons не била хит. „Dedicated to the One I Love“ од Ралф Бас била хит двапати. „Only You ( And You Alone)“ (Рем, Ренд) била хит повеќе од осум пати.

1960-тите[уреди]

Исполнувачите кои сега би ги нарекле „Диви“ започнале да се појавуваат во шеесетите. Еден од нив бил Дасти Спрингфилд со „I Only Want to Be with You“ и Арета Френклин со „( You Make Me Feel Like) A Natural Woman“. Исполнителите на балади од старата школа сè уште имале хитови: Реј Чарлс со „I Can’t Stop Loving You“ и Френк Синатра со „Somethin’ Stupid“. Последниот хит на Џим Ривс можеше и да биде напишан 40 години порано поради својата неодминливост. Песната на Реј Кларк „This Is My Song“ била речиси оперска. Во соул музиката и ар-ен-би хитовите го опфаќаат Стиви Вондер со „For Once in My Life“. Рок-љубовните песни ги опфаќаат „The Monkees“ со „I’m a Believer“ и Битлсите со „All my loving“. Кантри музиката го даде Петси Клајн со „Crazy ( Willie Nelson song)“. Два големи хита од шеесетите се спротивставиле на категоризацијата: „River Deep- Mountain High“ од Ика и Тина Тарнер и „God Only Knows“ од Beech Boys. Опфатени се и други хитови: „Can't Take My Eyes Off You“ од Крју Годио, „I'll Be Your Mirror“ од The Velvet Underground, „Can't Help Falling in Love“ од Вајс, Перети, Криејтор и „Anyone Who Had a Heart (song)“ од Барт Бахарах.

1970-тите[уреди]

Бери Вајт направил свој оркестрален соул стил со „You’re The First, My Last, My Everything“. „Nobody does it better“ од Карли Сајмон се прочул со тоа што бил насловната песна на филм на Бонд. Песната на Доли Партон „I will always love you“ е најпознато исполнета од Витни Хјустон, иако оригиналната била напишана во 70-тите. Песната на Чарлс Азнавур „She“ е различна по тоа што е број еден хит од исполнувач што имал над педесет години. Опфатени се и други познати љубовни песни од седудесеттите „You’re the one that I want“ од Џон Траволта и „Without you“ од Хем, Иванс. Песната на Дона Самер „I feel love“ звучела речиси инструментално. Снимката на Назарет од 1975 година на „Love Hurts“ била класичен хит.

1980-тите и потоа[уреди]

The Cure

Во 1980-тите имало неколку пејачи кои биле лесни за слушање и според тоа имало намалување на бројот на љубовни песни кои го достигнуваа врвот. Опфатени се хитовите „Hello“ од Лајонел Ричи, „I know him so well“ од Рајс, Ендерсон, Улвос, „Nothing Compares 2 U“ од Синид О’Конор. Кени Роџерс, кој е познат по снимање на многу љубовни песни, ги имал своите најголеми хитови во 1980-тите со „Through the Years“, „You Decorated My Life“ и „Lady“. Во 1989 година, најголемиот хит на The Cure „Love song“, го достигнал второто место во САД и е позната како една од најдобрите љубовни песни. Од 1990-тите го имаме Брајан Адамс со „Everything I Do“. Најпознатата љубовна песна на деведесеттите е ,, Iris’’ од The Goo Goo Dolls ( како и да е оваа песна беше повеќе рок отколку љубовна) или „Truly Madly Deeply“ од австралискиот бенд Savage Garden. Овие две песни ќе бидат најпознати и најобожавани од песните во 90-тите. SWV ја направиле својата завршна песна „Weak“ во 1992 година.

Оперски љубовни песни[уреди]

Некои од најпознатите оперски арии се љубовни песни: „E lucevan le stelle“ и „Recondita armonia“ се од „Tosca“ на Џакомо Пучини. Фаворитот од Џузепе Верди е „Celeste Aida“ од „Aida“. Сите опери од Пучини имаат извонредни љубовни песни, но треба да се споменат „Che gelida menina“ од ,„La Bohème“ и „Un bel di vedremo“ од „Madama Butterfly“ . Дури и оние музички обожаватели кои не одат на опери, ја имаат слушнато „The Flower Song (La Fleur que tu m'avais jetée)“ од „Кармен“ на Бизет. Конечно тука е „M’appari“ од „Martha“ на Флотоу и „Porgi, amor“ од „Le Nozze di Figaro“ од Моцарт.

Рок/хеви метал љубовни песни[уреди]

Елвис Присли

Љубовните песни се присутни во рок музиката уште од најраните почетоци на жанрот; еден од највообичаените примери на рок љубовни песни e „Love Me Tender“ на Елвис Присли. 1980-те ги одбележаа неколку рок љубовни песни, вклучувајќи го „The Promise’’ од „When in Rome“. Опфатени се и понови општи примери како „Your Guardian Angel“ од The Red Jumpsuit Apparatus, „Iris“ од The Goo Goo Dolls и „Check Yes Juliet“ од We The Kings. Љубовта била вообичаена тема во раните хард- рок, хеви-метал, и глем-метал бендови како што се Guns ‘N’ Roses, Ози Озборн и KISS. Од појавувањето на треш метал (кој ќе стане стандарден стил речиси за сите металци кои ќе се појават), лиричните теми на жанрот ќе бидат фокусирани на омраза, хорор и политички немири, оставајќи малку простор за чувствата на љубов. Како и да е, Металика за дадената прилика напишаа нешто што може да се смета во љубовни песни (особено „Nothing Else Matters“). Љубовните песни во првичниот омразен жанр на екстремен метал се екстремно необични, иако „Symbiousis“ од Мортификејшн и „Diktat“ од Napalm Death зборуваат за вредноста на бракот. Песната на Trivium „The World Can’t Tear Us Apart“, „Mordecai“ од Between The Buried and Me) и песната на Zao „Angel Without Wings“ служат како за најобичен пример на начинот на кој метал- бендовите пишуваат за љубовта на позитивен начин. „The World Can’t Tear Us Apart“ ја користи типичната темна слика на металците за опишување на животот без љубов, но истовремено размислува зошто металната сцена е вообичаено лишена од тоа. Во „Mordecai“, депримиран човек на работ од лудило ја бара смислата на неговото постоење и наоѓа утеха во „убавата насмевка на љубовта на мојот живот“. Во „Angel Without Wings“, пејачот се заблагодарува на пријателка за тоа што таа го придружувала во искуство кога бил блиску до смртта. Secondhand Serenade е рок бенд чиишто текстови речиси секогаш се фокусирани на љубовта. Додека ниеден од овие бендови типично не го прават она што може да се смета за вистинска љубовна песна, два од најпознатите англиски модерни рок бендови, U2 и Coldplay, често пишуваат песни за опседнатоста од љубов. Готските бендови како Within Temptation, Evanescence, Nightwish и Leaves’ Eyes, често се одразуваат на љубовта и на изгубената љубов, понекогаш и на доста депресивен начин. Друг пример за тоа е песната на Димон Хантер „My Heartstrings Come Undone“, мрачен израз на безусловната љубов. Додека дет металот е можеби најзлогласниот жанр за омразени текстови, водечкиот пејач на бендот Novembers Doom напиша љубовна балада за неговата ќерка, во формата на „Twilight Innocence“. Има многу пост- хард рок и метал-рок песни за љубовта- додека Bullet For My Valentine и Bring Me the Horizon се познати по пишувањето за љубовта и врските во негативно светло, речиси секоја песна на Killswitch Engage, Blessthefall и првобитните As I Lye Dying, зборуваат за чудото на љубовта. Љубовта повремено го наоѓа својот пат во текстовите на првичниот позитивен жанр на пауер метал (Соната Ерктика е прв пример за тоа). Иако непријатниот и немирниот жанр на панк-рок ретко извикува текстови на тема љубов, љубовните песни на видови се вообичаени помеѓу поп-рок бендовите како што се Рилиент Кеј, Green Day и New Found Glory.

Надворешни врски[уреди]