Љубиша Кировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубиша Кировски
Роден(а)1971
Тетово, НР Македонија СР Македонија
НационалностМакедонец
Занимањевиолинист и професор

Љубиша Кировски (роден во 1971 во Тетово) — македонски виолинист и професор на ФМУ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кировски е роден 1971 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на проф. Зоран Димитровски, во чија класа и магистрирал со посебна пофалба CUM LAUDE. Специјализирал виолина и камерна музика на Европската Моцартова академија во Варшава. Настапувал како солист со Македонската филхармонија, со Камерниот оркестар „Скопски солисти“, како и со оркестарот на Санктпетербуршката капела. Како камерен музичар реализирал бројни настапи со квартетот Гајдов низ Македонија, Германија, Турција, Романија и со триото МАК во Лондон. Реализирал концерти на реномирани фестивали во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Полска, Италија, Швајцарија, Бугарија, Шведска, Северен Кипар, Англија, САД, како и редовни настапи во Скопје. Кировски се усовршувал на Летната академија во Лозана, а како член на камерното дуо, ја добил Специјалната награда на Ц.Е.И., на натпреварот за камерна музика Trio di Trieste во Трст, Италија. Го снимил првиот компакт­диск во живо од фестивалот Охридско лето, а вториот компакт­диск во живо бил од концерт во Скопје. Добитник е на наградата „Златна лира“, која ја доделува Сојузот на музичките уметници на Македонија за најуспешно концертно остварување.

Кировски активно учествувал во жири­комисии на домашни и меѓународни натпревари, а бил и член на Управниот одбор на Сојузот на музичките уметници на Македонија, како и претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија од 2011 година.[1] Делувал и како концерт-мајстор на оркестрите на Македонската Филхармонија и Македонската опера и балет. За редовен професор на ФМУ бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 28 ноември 2012 година. Водач е на гудачкиот квартет „Гајдов“.[2] Женет е со пијанистката Маја Шутевска – Кировска, со која го сочинѕваат дуото Кировски. Негова братучетка е и позната пејачка од Тетово, Верица Пандиловска.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]