Југословенски лексикографски завод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зградата на заводот во Загреб
Третото издание на Општата енциклопедија

Југословенскиот лексикографски завод (српскохрватски: Jugoslavenski leksikografski zavod, JLZ) бил националниот лексикографски завод на СФРЈ.

Историја[уреди]

Установата е основана во 1950 г. под името „Лексикографски завод на ФНРЈ“, а во 1964 го добил името Југословенски лексикографски завод. Негов долгогодишен директор бил Мирослав Крлежа, а главен уредник бил Мате Ујевиќ. Заводот бил со седиште во Загреб, со ограноци во Љубљана и Белград.

По смртта на Крлежа во 1981, установата го добива името Југословенски лексикографски завод „Мирослав Крлежа“ во негова чест.

По распадот на СФРЈ, во 1991 г. заводот е преименуван во Лексикографски завод „Мирослав Крлежа“ (Leksikografski zavod "Miroslav Krleža") како национален лексикографски институт на Хрватска.

Издавачка дејност[уреди]

Заводот голем број научници и стручњаци од сите области. Издадени се општи и тематски упатни дела, но и карти и водичи. Еве некои позначајни изданија на заводот:

  • Енциклопедија на Југославија“ (I изд.: 8 тома, 1955-1971; II изд.: 6 од 12 планирани тома, 1980-1990)
  • Pomorska enciklopedija („Поморска енциклопедија“, 8 тома, 1954-1964)
  • Enciklopedija likovnih umjetnosti („Енциклопедија на ликовните уметности“, 4 тома, 1959-1966)
  • Tehnička enciklopedija („Техничка енциклопедија“, 13 тома, 1963-1997)
  • Medicinska enciklopedija („Медицинска енциклопедија“, 6 тома, 1967-1970)
  • Opća enciklopedija („Општа енциклопедија“, I изд.: 10 тома, 1955-1964; II изд.: 6 volumes, 1966-1969; III изд.: 8 volumes, 1977-1982)
  • Šumarska enciklopedija („Шумарска енциклопедија“, 3 тома, 1980-1987)
  • Hrvatski biografski leksikon („Хрватски биографски лексикон“, work in progress since 1983, 6 volumes issued)
  • Leksikon jugoslavenske muzike („Лексикон на југословенската музика“, 2 тома, 1984)
  • Filmska enciklopedija („Филмска енциклопедија“, 2 тома, 1986-1990)
  • Bibliografija rasprava, članaka i književnih radova („Библиографија на расправи, написи и книжевни трудови“, 14 тома, 1956-1986)

Some other Yugoslavian reference works are:

  • Vojna enciklopedija („Воена енциклопедија“, I изд.: 11 тома, 1958-1969; II изд: 11 тома 1970-1976)
  • Mala enciklopedija Prosvete („Мала енциклопедија“, I изд.: 2 тома, 1959; II изд: 2 тома, 1968-1969; III изд.: 3 тома, 1978)
  • Mala splošna enciklopedija („Мала општа енциклопедија“, 3 тома, 1973-1976)
  • Enciklopedija Slovenije („Енциклопедија на Словенија“, 16 тома, 1987-2002)

Наводи[уреди]