Јоршка митрополија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоршка митрополија
Подрачјето на митрополијата
Црква Црква на Англија
Митрополит Архиепископ Јоршки
Соборна црква Јоршка катедрала
Епархии 14
Суфраган(и) Архиепископ Беверлиски

Јоршката митрополија (англ. Province of York) е една од двете митрополии што ја сочинуваат Црквата на Англија. Се состои од 14 епархии што ја опфаќаат северната третина на Англија и островот Ман.[1] Јорк го добил статусот на архиепископија во 735 г, а прв архиепископ бил Екберт Јоршки. Во извесен период од историјата, митрополијата полагала право и на цела Шкотска, но никогаш не ја успеала да се наметне, и се откажала со формирањето на архиепископската епархија Сент Ендрјус.

Митрополитот што стои на чело на Јоршката митрополија е Архиепископот Јоршки (втор по значење во Црквата на Англија).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Cannon, John (2002). „York, metropolitan diocese of“. „The Oxford Companion to British History“. Oxford University Press. http://www.encyclopedia.com/doc/1O110-Yorkmetropolitandioceseof.html. конс. 8 август 2009.