Јован Таневски
Јован Таневски | ||
Роден | 1918 година Осој, Дебарско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Јован Евгениев Таневски ( 1918 во Осој (Дебарско) — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Произлегува од работничко семејство. Завршил основно и вечерно занаетчиско училиште. Повремено го изучил шивачкиот занает. Во летото 1943 година се доселил во Скопје. Поради тоа што бил прогонуван и малтретиран од балистите, на кои успеал да им избега од местото каде го имале доведено на стрелање. По ослободувањето на Скопје стапил во Третата македонска ударна бригада. Со неа заминал за Војводина. Од таму учествувал во пробивот на Врпоље, каде и загинал на 16 април 1945 rодина.[1]