Јован Саздовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован Пецев Саздовски ( 1921 во Оризари (Скопје)3 мај 1945 во Пакрац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во ноември 1944 година по ослободувањето на Скопје, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово каде учествувал во акциите за ликвидирање на балистичките банди. Подоцна бил префрлен во Срем. Таму завршил тримесечна воена обука. Потем учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во жестока борба кај Пакрачката шума, бил тешко ранет. По укажаната помош бил пренесен во партизанската болница во Пакрац. Раните биле смртоносни, па така на 3 мај 1945 година починал. Бил закопан на партизанските гробишта во Пакрац.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 127. На |first= му недостасува |last= (help)