Јан Басара

Од Википедија — слободната енциклопедија

проф. Јан Басара , (роден на 23 март 1929 година во мало село близу Жешов), е полски лингвист,професор по полски јазик, истражувач на полскиот јазик, славист.. Студирал во периодот 1950 година - 1955 година на Универзитетот во Вроцлав и на Варшавскиот Универзитет, а докторирал во 1963 година. Во периодот од 1955 година до 1973 година работел како истражувач во Институтот за лингвистика на науки во Варшава, а од 1973 година до 1999 година на Институтот за Полската академија на науките во Краков (IJP). Од 1973 година - 1992 година бил заменик директор на Краковската академија (IJP) а од 1986 до 1991 година исто така бил раководител на Одделот за лингвистика во Варшава.

Од 1969 година до 1998 година бил секретар и заменик координатор на славистичкиот комитет во Варшава познат како Меѓународниот комитет на славистите. Тој се занимава со полска и словенска дијалектологија. Басара е уредник на тритомското издание Атласот на словенски јазик (Прв том од 1990 година, втор том од 1994 година и третиот том од 2003 година). Басара е главен член на Комисијата на полски слависти и Меѓународниот атлас за сите словенски јазици. Тој е добитник на многу престижни награди меѓу кои: Златен крст на заслуги, Витешкиот крст на редот на Повелбата за преродба на Полска, Витешкиот крст на редот на Полонија реститута, Милениумски медал за 25-годишнината од Полската академија на науките, со почесен знак "За заслугите за Варшава".

Неговата библиографија се состои од многубројни публикувања на многу истражувачко-научни дела.Од неговите изданија меѓу другите објави најпознати се: Терминологија на руралната градба на полски дијалекти , дел 1-2 (1964 година), Вокабулар на полскиот дијалект на Шлеска на територијата на Чехословачка (од 1971 година), Проблемите на дијалектниот речник и Терминологија на обработка на дрво на полски дијалекти (од 1981 година), Фонолошкиот опис на полските точки на атласот на словенските јазик (издание од 1983 година, во соработка заедно со А. Басарова), Полската дијалектичка терминологија на земјоделството. Подготовка на почвата, одгледување компири ( 1992 , заедно со А. Басарова). Неговите најпознати истражувачки дела се темелат на дијалектиката на современиот полски јазик меѓу кои најпознати дела од неговата библиографија се издвојуваат: Народни дијалекти на националниот јазик, "Хуманистички преглед", том. XXI, бр. 12, од 1977 година, Јазичаричка географија во речникот на полскиот јазик и полските дијалекти (издание на "Biuletyn Polskiego Towarzystwa Loznawcze", том. XXXVII) од 1980 година.