Јаноа II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаноа II
Поглед кон отворот на пештерата
МестоСамоков, Порече, Македонија Македонија
Должина100 м

Јаноа Iпештера во областа Порече во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во долината на Мала Река (притока на Треска), веднаш покрај асфалтниот пат кој води кон село Самоков, во непосредна близина на фабриката „Сувенир“. Наречена е со името Јаноа II бидејќи во нејзина непосредна близина на оддалеченост од само 20 метри кон југ е отворот на пештерата Јаноа I, односно влезот на пештерата е сместен околу 20 м јужно од пештерата Јаноа I. Пештерата е изградена во мермери со прекамбриумска старост. Пештерскиот канал е едноставен, со должина околу 100 м. Во пештерата има травертински басени полни со вода и во сувиот период од годината. Пештерското езеро е со длабочина поголема од 2 м, а водата во него се претпоставува дека е со потекло од реката Мала Река. Од пештерските украси доминантно се застапени сталактити на кои се имаат формирано хелектити, сталагмити, пештерски столбови и драперии. Сите украси се со жолтеникава боја.[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Јаноа пештера 2 — галерија со слики од пештерата Јаноа II на мрежната страница на ЈПУЗПП природен резерват „Јасен“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Темовски; Марјан, Гичевски; Билјана (3 јануари 2015). „Пештера Јаноа II“. Exploring Society "Ursus Speleos" //\\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" (Facebook страница). Посетено на 30 октомври 2018.