Јаноа I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаноа I
Поглед кон отворот на пештерата
МестоСамоков, Порече, Македонија Македонија
Должина40 м

Јаноа Iпештера во областа Порече во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во долината на Мала Река (притока на Треска), веднаш покрај асфалтниот пат кој води кон село Самоков, во непосредна близина на фабриката „Сувенир“. Наречена е со името Јаноа I бидејќи во нејзина непосредна близина на оддалеченост од само 20 метри кон север е отворот на пештерата Јаноа II. Пештeрата е изградена во мермери. Должината на пештерата е 40 м, а пештерскиот канал (особено во влезниот дел) е со помали димензии. Во пештерата од хидрографските објекти се двои пештерското езеро, со должина од 2 м. Пештерските украси се претставени со сталактити, сталагмити, драперии, сливови и хелектити[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Јаноа пештера 1 — галерија со слики од пештерата Јаноа I на мрежната страница на ЈПУЗПП природен резерват „Јасен“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Темовски; Марјан, Гичевски; Билјана (1 јануари 2015). „Пештера Јаноа I“. Exploring Society "Ursus Speleos" //\\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" (Facebook страница). Посетено на 26 октомври 2018.