Јак

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јак
Јак во Непал
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Фамилија: Bovidae
Род: Bos
Вид: B. grunniens
Биномен назив
Bos grunniens
Лине, 1766
Синоними

Poephagus grunniens

Јакот е масивен вол на високите тибетски висорамнини.

Карактеристики[уреди]

Биковите растат до 1,8 м на рамената. Влакното на дивиот јак е црно и кратко, освен долгата, бушава реса на слабините и опашот. Роговите се шират надвор и нагоре; главата е пониско сместена. Дивите женки и младите живеат во големи стада; возрасните бикови формираат помали групи. Јаковите пасат трева и бараат многу вода, со што во зима јадат снег. Дивите јакови денес се на работ на исчезнување. Домашните јакови, кои се одгледуваат заедно со домашните говеда, се користат за млеко и за говедско месо. Од кожата се прави преработена кожа, од опашот се орави тепалка за муви, од рестата јажиња, а од исушениот измет гориво.[2]


Наводи[уреди]

  1. Harris, R.B. & Leslie, D. (2008). „Bos mutus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 29 March 2009. Database entry includes a brief justification of why this species is of vulnerable.
  2. Британика Енциклопедиски Речник