Ѕвездена ноќ
| Творец | Винсент ван Гог |
|---|---|
| Година | 1889 |
| Димензии | 73 cm × 92 cm (29 in × 36 in) |
| Место | Музеј на модерна уметност, Њујорк, Њујорк |
Ѕвездена ноќ (холандски: De sterrennacht) е слика на познатиот холандски пост-импресионсист Винсент ван Гог. На сликата е претставен погледот од прозорецот на собата во санаториумот во кој уметникот престојувал. Сликата е насликана во дневни услови по сеќавање. Од 1941 година претставува дел од колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Оваа слика се смета за ремек дело на ван Гог.
Содржина |
[уреди] Генеза
Во средината на септември 1889 после тешката криза која уметникот ја имал (и која траела од средината на јули до крајот на август) решил да го вклучи неговото Истражување на ноќта во следните свој дела[1] кои планирал да му ги испрати на својот брат Тео во Париз. Во едно од своите писма до својот брат тој кажува дека не е задоволен од сликата.[1]
[уреди] Инспирација за други уметници
Сликата Ѕвездена ноќ претставувала инспирација за повеќе уметници:
- Францускиот композитор Henri Dutilleux напишал оркестарска композиција под наслов „Стебла, бегство, движења“;
- Американската поетеса Ан Секстон има нашишано поема под наслов „Ѕвездената ноќ“;
- Канадскиот композитор Џанкарло Скалиа има напишано композиција за пијано под истиот наслов;
- Песната „Винсент“ на Дон Меклин е, исто така, инспирирана од ова дело и започнува со зборовите „Starry, Starry Night...“.

