Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Роден(а)18 февруари 1952(1952-02-18)(72 г.)
Прилеп, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонец
Занимањестопанственик, политичар
Страница
makedonskosonce.com

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (р. Прилеп, 18 февруари 1952) - македонски стопанственик, политичар и сопственик на ТВ Сонце и Македонско сонце, кој живее во Флорида, САД.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Ѓорѓија Атанасоски ја напушта Југославија во 1970 година, кога заминува во Њујорк, САД.[2]

Атанасоски ја започна својата кариера како Инженер работејќи на Универзитетот во Њујорк. По пет години престој во САД, Атанасоски во 1975 година ја основа "Мајкрофлекс"[3] со својот брат Јосиф Атанасоски[4], муѓународна корпорација за производство на флексибилни метални производи со седиште во Ормонд Бич, Флорида и снабдување со широк спектар на индустрии, со клиенти вклучувајќи ја и Наса.

Во 1994 година во Македонија го основа првото македонско списание кое излегува еднаш неделно, весник наречен "Македонско сонце". Во 2008 година ја основа и "Телевизија Сонце" со седиште во Скопје, Македонија.[5]

Тој е претседател на политичката партија "Македонска алијанса".

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ормонд Бич - седиштето на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, дел од Американската убавица“. 4.11.2018. Посетено на 25 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Вистината за животот и делото на големиот Македонец Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски од САД“. 8.1.2024. Посетено на 10 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Конпанијата Мајкрофлекс во Ормонд Биич, сопственост на Јосиф и Џорџ Атанасоски“. 18.5.2023. Посетено на 12 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „За бизнисменот Јосиф Атанасоски, брат на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“. 17.11.2018. Посетено на 25 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „ТВ Сонце - еден од најпопуларните македонски национални медиуми“. 31.5.2023. Посетено на 12 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)