Ѓокини Вирови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓокини Вирови (српски: Ђокини вирови) — комплекс од два вира во среднишниот дел од кањонот на реката Вучјанка, десна притока на Ветерница. Се наоѓа на 2 км од Вучје, во непосредна близина на старата хидроелектрана која сè уште е во функција, во подрачјето околку Лесковац, јужна Србија.

Реката Вучјанка во својот средиштен тек ја сече кањонската долина со должина од нешто преку 2 км со придружни појави од типот на слапови, водопади и длабоки вирови. Ѓокини Вирови се наоѓаат во најтесниот дел на кањонот, чија широчина кај горниот вир изнесува само 5 метри. Десниот брег го сочинуваат стрмни падини Петокраки (1.041 м), а левата падини на Китка (645 ,.

Горниот вир е широк околу 15 метри, долг околу 5 метри со длабочина од 2,5 метри. Се наоѓа под Горниот водопад (9 метри висок), додека водата истекува од вирот на Долниот водопад (око 11 метри) и паѓа директно во долниот вир. Долниот вир е широк околу 20 метри, долг 10 метри, со длабочина од 4,5 метри. Температурата на водата во вировите летно време се движи околу 23 °C, додека провидноста на горниот вир е потполна (2,5 м), долниот вир е релативно непровиден, а водата делува потпилно црно.

Вировите се омилено место за капење, првенствено помладите капачи, поради релативно непристапниот терен. Во текот на висок водостој горниот вир е практично недостапен.

На должина од 600 метри се наоѓаат и следниве места погодни за капење: Кадице,со релативно смали димензии, но со исклучително топла вода; вирот Јаз под 20 метри високиот водопад, по површина поголем од Ѓокините, но со длабочина од само 1,5 метри; низ помалите вирови до хидроелектраната и на крајот во најголемиот и најпосетениот вир Девказан 100 метри низводно од хидроелектраната, каде воедно е и крајот на најживописниот дел на кањонот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]