Талат Џафери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Талат Џафери
Премиер на Република Македонија
На должноста
28 јануари 2024 – 15 јуни 2024
Претседател Стево Пендаровски
Претходник Димитар Ковачевски
Наследник Христијан Мицкоски
Претседател на Собранието на Македонија
На должноста
27 април 2017 – 28 јануари 2024
Претседател Ѓорѓе Иванов
Претходник Трајко Вељаноски
Наследник Јован Митрески
Министер за одбрана
На должноста
18 февруари 2013 – 19 јуни 2014
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Претходник Фатмир Бесими
Наследник Зоран Јолевски
Лични податоци
Роден(а) 15 април 1962(1962-04-15)(62 г.)
Форино, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Албанец
Партија ДУИ
Деца 2
Вероисповед ислам
Воена служба
Прекар Командант Форина
Припадност ЈНА
АРМ
ОНА
Битки/војни Воен конфликт во Македонија, 2001

Талат Џафери (албански: Talat Xhaferi; Форино, Гостиварско, 15 април 1962) — македонски политичар, поранешен министер за одбрана, поранешен претседател на Собранието на Македонија и тековен претседател на 34. техничка влада на Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената академија на Копнена војска на ЈНА — насока Пешадија во Белград и Сараево. Последипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. За време на Воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во Тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен Масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово.[1] Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“.[2] Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со Упад во Собраниската зграда.[3] Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.[4]

Функции[уреди | уреди извор]

  • 2024 - Технички премиер на Македонија
  • 2017 – 2024 - претседател на Собранието на Македонија
  • 2014 – 2016 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 2013 – 2014 - министер за одбрана на Македонија
  • 2011 – 2013 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 2008 – 2011 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 2004 – 2006 - заменик на министерот за одбрана на Македонија
  • 2002 – 2004 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 1992 – 2001 - офицер во АРМ
  • 1985 – 1991 - офицер во ЈНА

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ангелов: Талат Џафери да каже зошто по масакрот кај Вејце, дезертирал од АРМ“. 2013-04-23. Посетено на 2013-07-30.
  2. „Груевски го предложи Командант Форина од УЧК за прв човек на македонската одбрана“. Кирилица. 18 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-21. Посетено на 2013-02-19.
  3. „Талат Џафери избран за претседател на Собранието“. Дојче Веле. 27 април 2017. Посетено на 2 мај 2017.
  4. „СДСМ најавува нова Влада, ВМРО-ДПМНЕ го оспорува изборот на Талат Џафери“. 24 Вести. 30 април 2017. Посетено на 7 мај 2017.
Политички функции
Претходник
Фатмир Бесими
Министер за одбрана
2013–2014
Наследник
Зоран Јолевски
Претходник
Трајко Вељаноски
Претседател на Собранието на Македонија
2017-2024
Наследник
Јован Митрески