Јован Манасиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Манасиевски
Министер за труд и социјална политика
На должноста
1 ноември 2002 – 1 јуни 2004
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Бедредин Ибрахими
Наследник Стевче Јакимовски
Министер за одбрана
На должноста
17 декември 2004 – 26 август 2006
Претседател Владо Бучковски
Претходник Владо Бучковски
Наследник Лазар Еленовски
Лични податоци
Роден(а) 21 мај 1968(1968-05-21)(55 г.)
Гостивар, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ЛДП
Вероисповед Православен христијанин

Јован Манасиевски (роден на 21 мај 1968 година во Гостивар) — македонски политичар, поранешен министер и поранешен претседател на Либерално демократската партија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јован Манасиевски дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1994 година на студии по социологија. Во периодот од 1997 до 2002 година бил советник на градоначалникот на град Скопје за комуникации и координација на меѓународната соработка. Од 3 октомври до 31 октомври 2002 година е пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември до 1 јуни 2002 е член на Владата и Министер за труд и социјална политика. Од 3 јуни 2004 до 6 јули 2006 година Манасиевски е заменик-претседател на Владата и министер за одбрана[2].

На 11 февруари 2007 година бил избран за претседател на ЛДП, и на таа функција се задржал до 6 јуни 2011 година, веднаш по Парламентарните избори, кога си поднел оставка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „водачот на ЛДП денеска поднесе оставка“. А1. 6 јуни 2011. Посетено на 10 јуни 2011.
  2. „www.sobranie.mk“. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 2010-12-06.
Претходник
Бедредин Ибраими
Министер за труд и социјална политика на Македонија
20022004
Наследник
Стевчо Јакимовски
Претходник
Владо Бучковски
Министер за одбрана на Македонија
20042006
Наследник
Лазар Еленовски