Благоја Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Попов
Градоначалник на Скопје
На должноста
1963 – 1972
Претседател Тито
Претходник Крсте Марковски
Наследник Драгољуб Ставрев
Лични податоци
Роден(а) 19 октомври 1920
Кочани, Кралство СХС,
Починал(а) 13 април 1992(1992-04-13) (возр. 71)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Партија КПМ

Благоја Попов (19 октомври 1920, Кочани - 13 април 1992, Скопје) — македонски политичар и државник.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил учесник во народноослободителното движење, член на КПЈ и секретар на МК на КПЈ во Кочани. Издржувал казна во Затворот „Идризово“.

По ослободувањето станал партиски секретар во Кочани, Штип и Струмица, претседател на Собранието на Скопје во периодот 1963 - 1972 г.[1], член на Сојузниот извршен совет, член и претседател на Извршниот совет на СРМ и член на Претседателството на СРМ. Носител е на „Партизанска споменица 1941“.

Благој Попов починал на 13 април 1992 г. во Скопје.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Градоначалници на Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 2009-12-01.