Драгољуб Ставрев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгољуб Ставрев
Градоначалник на Скопје
На должноста
1969 – 1974[1]
Претседател Тито
Претходник Благоја Попов
Наследник Методи Антов
Лични податоци
Роден(а) 28 јуни 1932
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал(а) 23 декември 2003(2003-12-23) (возр. 71)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Партија КПМ

Драгољуб Ставрев (роден на 28 јуни 1932 во Скопје — починал на 23 декември 2003 во Скопје) ― македонски општественик и државник. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил главен уредник на весникот „Студентски збор“, претседател на Сојузот на младината на Македонија, претседател на ГК на СКМ - Скопје, потпретседател и претседател на Собранието на град Скопје за време на обновата и изградбата на градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, член на ЦК СКЈ, член и извршен секретар на Претседателството на ЦК СКЈ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Претседателството на СРМ. Објавил повеќе стручни и политички трудови, меѓу кои и книгата „Македонски современи политички теми“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјален портал на град Скопје“. Посетено на 30 ноември 2020.