Work and travel

Од Википедија — слободната енциклопедија

Work and Travel е програма на Стејт Департментот на САД од 1961 година, која дава можност на редовни студенти од цел свет да поминат до 5 месеци во САД, така што 4 месеца имаат право да работат легално.

Во Македонија програмата започнува во почетокот на 1990-тите години и станува доста популарна.Тоа што е потребно да го поседуваат кандидатите е:

  • да се запишани како редовни студенти на акредитиран Универзитет во Македонија или странство.
  • да го владеат англискиот јазик на минимум средно или повисоко ниво.
  • да се на возраст помеѓу 18 и 29 години.

Дел од државите во САД коишто привлекуваат најмногу студенти се: Масачусетс, Њујорк, Њу Џерси, Илиноис, Флорида, Калифорнија и други. Најчесто тоа се области каде сезоната е од месец мај-септември.

Работните позиции исто така се разнообразни - најчесто се во забавни паркови, ресторани, хотели, супермаркети, спасувачи на базени и други позиции во областа на услугите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]