Mockumentary

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Mockumentary e жанр во филмовите и сериите каде што фиктивни настани се презентирани во документарен формат. Можат да бидат комични или драматични, комичните видови се повеќе застапени. Името потекнува од англиските зборови „Mock“ (што значи потсмевање) и „dockumentary“ (што значи документарна). Мокјументарите се делумно или целосно импровизирани, со цел да се задржи реалноста во филмот.

За разлика од повеќето комични серии, речиси сите мокјументари серии немаат смеа од публика во позадина, за да се задржи реалната атмосфера. Овие серии се познати по интервјуата со ликовите за време на епизодата, снимањето на посрамувачки моменти и звуковите во позадина (тропање врата, шушкање од мрдањето, телефони...). Хуморот во овие серии е најчесто дијалошки или визуелен, шегите најчесто се кажани во сериозна форма на лицето (deadpan). Главната цел е да сериите да бидат што е можно пореални.

Познати мокјументари серии се: Канцеларијата (англиски: The Office), Паркови и рекреација (англиски: Parks and Recreation), Модерна Фамилија (англиски: Modern Family).