Dolerus bimaculatus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus bimaculatus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus bimaculatus
Enslin, 1913

Dolerus bimaculatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата и градите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. Предните нозе се црвени. Абдоменот е црн на двата краја, во средината од вториот до петтиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма.

Ларвите достигнуваат должина од 20-24 мм. Нивната глава е бледожолтеникава со темнокафеав белег на челото во форма на срп. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Equisetum.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина од 8-10 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е Средна и Северна Европа. Во Македонија видот се среќава во Маврово и село Рашче, Скопско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 79