Client-server

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијаграм на компјутерска мрежа како клиенти комуницираат со серверот преку Интернет

Клиент опслужувач моделот кај компјутерите е апликациска структура која ги дели одговорностите или работните задачи помеѓу услужниците на ресурси или услуги, наречени опслужувачи, и барателите на услуги наречени клиенти. Често, клиентите и опслужувачите комуницираат преку компјутерска мрежа на различен хардвер, но, и двата, и клиентот и опслужувачот можат да живеат на истиот систем. опслужувачката машина е домаќинот кој работи на еден или повеќе опслужувачки програми, кои ги споделуваат своите ресурси со клиентите. Клиентот не споделува ниту еден од своите ресурси, но ги бара опслужувачките содржини или сервисни функции. Клиентите според тоа иницираат комуникациски сесии со опслужувачите кои чекаат дојдовни барања.

Опис[уреди | уреди извор]

Одликите на клиент-опслужувач моделот ја опишуваат поврзаноста помеѓу програмите во апликацијата. опслужувачот овозможува функции или сервиси од еден или повеќе клиенти, кои пратиле барања за истите. Функциите, како што се размената на електронска пошта, пристапот до интернет и пристапот до базите со податоци, се изградени врз основа на клиент-опслужувач моделот. Корисниците пристапуваат до банкарските сервиси од своите компјутери, користејќи пребарувач за да испратат барање до опслужувачот на банката. Таа програма може да го препрати барањето од неговата програма - клиент, која ги чува податоците, која пак испраќа барање до опслужувачот со бази на податоци на друга банка, за да ја врати информацијата на корисникот. Состојбата се враќа до базата на податоци на банката, која за возврат ја испраќа назад до пребарувачот-клиент, прикажувајќи му го резултатот на корисникот. Клиент опслужувач моделот стана една од главните идеи на поврзувањето на компјутерите. Многу бизнис апликации кои постојат денес го користат клиент-опслужувач моделот. Истото го прават и главните интернет апликацицки протоколи, како што се HTTP, SMTP, Telnet и DNS. Интеракцијата помеѓу клиентот и опслужувачот често се опишува со помош на секвенцни дијаграми. Секвенцните дијаграми се стандардизирани во UML. Специфични типови на клиенти се: пребарувачите, електронската пошта, и клиентите за online разговор. Специфични типови на опслужувачи се: опслужувачите, ftp, апликациските, опслужувачите на бази на податоци, mail опслужувачите, file опслужувачите,print опслужувачите и terminal опслужувачите.

Споредба со архитектурата за рамноправен пристап[уреди | уреди извор]

Во архитектурата за рамноправен пристап, секој домаќин или програма може истовремено да биде и клиент и опслужувач, тогаш и двата имаат ист статус и исти одговорности. И двата, и клиент-опслужувач и архитектурата за рамноправен пристап се во широка употреба денес. Деталите можат да се најдат во Comparison of Centralized (Client-Server) and Decentralized (Peer-to-Peer) Networking[мртва врска]

Предности[уреди | уреди извор]

  • Во повеќето случаи, клиент-опслужувач архитектурата овозможува улогите и одговорностите на компјутерскиот систем да бидат дистрибуирани низ повеќе независни компјутери кои се препознаваат меѓусебно само преку мрежа. Ова ја создава дополнителната предност на оваа архитектура, олеснато одржување. На пример, возможно е да се премести, поправи, надогради, дури и да се релоцира опслужувачот додека неговите клиенти остануваат свесни, и немаат влијание од таа промена.
  • Сите податоци се чуваат на опслужувачите, кои обично имаат поголеми безбедносни контроли од повеќето клиенти. опслужувачите можат подобро да ги контролираат ресурсите и пристапот и да гарантираат дека само оние клиенти кои ги имаат соодветните привилегии можат да пристапат до податоците и да вршат нивна измена
  • Бидејќи чувањето на податоците е централизирано, обновувањето на тие податоци е многу полесно во споредба со P2P мрежите. Во нив обновувањето на податоците може да треба да биде распределено на секој пер во мрежата, што одзема повеќе време и е склоно кон грешки, бидејќи може да има илјадници па дури и милиони перови.
  • Многу клиент-опслужувач технологии се веќе достапни што се направени да овозможат сигурност, кои имаат добар интерфејс за корисниците и се едноставни за употреба.
  • Функционира со повеќе различни клиенти со различни можности.

Недостатоци[уреди | уреди извор]

  • Како што бројот на истовремени барања од страна на клиентите расте, опслужувачот може да стане преоптоварен. За разлика од P2P мрежата, кај која, како што се зголемува бројот на јазли, така пропусниот опсег на мрежата се зголемува, бидејќи целокупниот пропусен опсег на P2P мрежата може да биде грубо пресметан како сум од пропусните опсези на секој јазол во мрежата.
  • Клиент-опслужувач моделот има помала робустност за разлика од добра P2P мрежа. Кај P2P мрежите ресурсите, обично се распределуваат низ повеќе јазли. Дури и ако еден или повеќе јазли се оттргнат и го напуштат директориумот што се симнува, на пример, останатите јазли би требало сè уште да ги имаат податоците потребни за да се заврши симнувањето.

Наводи[уреди | уреди извор]

1."Distributed Application Architecture".Sun Microsystem.Retrieved 2009-06-16.