Adobe Flash

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Со Adobe Flash или едноставно Flash се мисли и на Adobe Flash плеерот, но и на Adobe Flash мултимедијалниот програм. Adobe Flash Professional се користи за правење на Апликации, Игри, Анимации за на персонален компјутер, телевизија или пак мобилни телефони и разни безжични уреди. Flash плеерот, производен и дистрибутиран од Adobe Systems , е клиентска програма достапна на повеќето интернет пребарувачи. Содржи векторска графика, програмски јазик наречен ActionScript и поддршка за слики, видео и аудио. Исто има и верзии од Flash плеерот достапни за на мобилен или други преносливи уреди.

Накратко речено Adobe Flash е интергрирана средина за креирање (IDE), а Flash Плеерот е апликација за да се отвораат Flash податотеките креирани со Adobe Flash. Но затоа кога велиме само "Flash" може да мислиме на Adobe Flash на Flash плеерот или пак на Flash податотеките.

Од излегувањето на Flash во 1996, Flash технологијата прерасна во популарен метод на додавање на анимација на веб страните; неколку софтвер продукти, системи, и уреди можат да прикажуваат Flash. Flash најчесто се користи за создавање анимации, игри, реклами, различни веб-компоненти, за вметнување видео на веб страните и разни интернет апликации.

Flash податотеките, често наречени "Flash анимации" или "Flash игри", имаат .swf наставка и можат да бидат дел од веб страна, и директно да се отвораат преку Flash плеерот, или пак да претставуваат проектор (Flash клип со наставката .exe во Windows) како и обичните апликации. Flash Видео податотеките ја имаат наставката .flv и се отвораат преку .swf податотеките.