Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.