Чоколаден прелив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примерок на чоколаден прелив

Чоколадниот прелив е чоколадо направено од какао, какао путер, шеќер и по желба млеко во прав.

Производство[уреди | уреди извор]

Чоколадниот прелив е чоколада што ја користат чоколадарите и слаткарите како суровина. Може да биде темно или млечно, но содржи најмалку 31% какао путер, што го прави многу течно заради добивање потенок слој од класичното чоколадо.

Адитиви[уреди | уреди извор]

Повеќето преливи содржат соја лецитин како стабилизатор, некои додаваат арома (често ванилин). Европското законодавство дозволува освен путерот од какао да се додаде и 5% растителни масти, освен ако не е наведена ознаката „чист путер од какао“.

Извори[уреди | уреди извор]