Човечко око

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Око
Schematic diagram of the human eye en.svg
Шематски дијаграм на окото
Krilleyekils.jpg
Соединение на око(Антартик) Antarctic krill

Окото (оculus) е сетилен орган. Тој е орган за вид кој е сместен во орбитата и се состои од очен нерв, очно јаболко и помошни органи на окото.

Обвивки[уреди]

  • Надворешна обвивка ( tunica fibrosa bulbi) таа е фиброзна,со преден дел проѕирен и наречен рожница,а другиот е непроѕирен и е наречен белка. Рожницата ја гради предната шестина од целата надворешна обвивка. Таа е всадена (како стакло од часовник) во бразда од белката. Проѕирна е и не содржи ниту крвни, ниту лимфни садови. Белката пак го зафаќа поголемиот дел од надворешната очна обвивка.
  • Средна очна обвивка (tunica vasculosa bulbi) садовна обвивка која во себе содржи крвни садови, нерви и пигментни клетки. Составена е од три дела: садовница, трепкино тело и шареница. Садовницата е срасната за внатрешната очна обвивки тоа со нејзиниот пигментен слој. Трепкиното тело во него се наоѓа трепкиниот мускул. Шареницата е предниот дел од средната очна обвивка која наликува на прстен со централен отвор наречен зеница. Таа ја дава бојата на окото со пигментот кој се наоѓа во нејзините клетки.
  • Внатрешна очна обвивка (tunica interna bulbi) таа претставува невроепителна обвивка составена од два листа, надворешен пигментен и внатрешен наречен мрежница.

Проѕирни делови[уреди]

  • Очна водичка ги исполнува шуплините што се наоѓаат пред и зад ирисот, односно предната и задната очна комора. A улогата на водичката е да одржува одреден притисок во очното јаболко.
  • Леќа претставува биконвексна леќа сместена меѓу стаклестото тело и ирисот. Поврзана е со тенки влакна за цилијарното тело и е обвиткана со мембрана.
  • Стаклесто тело ја исполнува очната празанина зад леќата и цилијарното тело. Составено е од 98% вода, а останатиот дел се ретки клетки и влакна. Улогата на стаклестот тело е да ја држи прилепена ретината за садовницата обезбедувајќи ја на тој начин нејзината исхрана.
Еволуција на окото

Помошни органи[уреди]

  • Очни капаци се кожномускулни дипли што го заштитуваат окото од предната страна. На нивните слободни рабови се всадени трепките.
  • Спојница ја претставува лигавицата што ја покрива задната страна на капаците и предниот дел од белката.
  • Солзен апарат -составен е од солзна жлезда, солзни каналчиња, солзна кесичка и носносолзен канал. Солзната жлезда е сместена во горно латералниот агол од орбитата.

Надворешни врски[уреди]

Портал од областа на медицината