Чичко ми...

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Чичко ми...“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година, во Софија.

Осврт кон поемата[уреди | уреди извор]

Пред излегувањето на „Молскавици“, песната „Чичко ми“ претходно веќе била објавена во списанието „Илустрација Илинден“ (Илустрация Илиндень), кн. 6/106, година XI, јуни 1939 година. Текстот на песната во списанието е речиси ист како во збирката, со неколку мали разлики: во првата, во третата и во четвртата строфа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тодор Димитровски, „Белешки“, во: Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 90.