Чедар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чедар
Земја на потеклоАнглија
ОбластСомерсет
ГрадЧедар (Сомерсет)
Млеко одКравјо млеко
ПастеризираноЗависно од видот
ТекстураРелативно тврдо
Узревање3–24 месеци во зависност до видот
Уверение
  • Вест кантри фармерски чедар (ЗОП)
  • Оркни шкотски островски чедар (ЗГО)
Наречено поCheddar[*]

Чедар (англиски: cheddar cheese) — вид тврдо сирење што потекнува од југозападна Англија.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Вистинскиот селски чедар е секогаш малку кисел, со вкус на млечен шеќер и има многу богата арома. Во пресек тестото е светло бело (или малку црвеникаво, ако се додаде природната боја анато - додаток со ознака E160b), цврсто, но не тврдо, и без дупки. Вкусот и мирисот се чисти и изразени. Питата чедар има валчест облик, висока е од 13 до 18 см, а нејзиниот пречник е од 35 до 38 см. Тежината на питата зависи од нејзината големина и е помеѓу 18 и 19 килограми, додека селските пити тежат околу 25 килограми[2]. Индустрискиот чедар најчесто се прави во големи блокови.

Историја[уреди | уреди извор]

Според некои историски извори, чедарот бил донесен на островот од Римјаните. Новите доселеници го донеле знаењето за правење на ова сирење на местата каде што се населиле, но вистинскиот чедар се прави во окрузите Сомерсет, Девон и Дорсет.

Производство[уреди | уреди извор]

Правиот чедар се прави од сирово кравјо млеко, зрее од 2 до 12 месеци и содржи најмалку 48% масти во сувата материја на сирењето, 53% вода во немасната материја и околу 1,8% сол. Современата постапка на правење чедар (сирење ементал, гројер и др.) е механизиран, но опремата одговара на сите фази од класичниот производствен процес.

Бидејќи чедарот не е заштитен, го губи своето добро име поради индустриското масовно производство, па го изработуваат од пастеризирано и обезмастено млеко, недоволно зрело, главно без кора, спакувано во вакуум, понекогаш покриено со восок.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Smale, Will (21 August 2006). „Separating the curds from the whey“. BBC Radio 4 Open Country. Посетено на 7 August 2007.
  2. Orešnik Irena (2008). Obožujem sir. ČZP Kmečki glas. стр. 137.