Чак Норис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чак Норис
Chuck Norris
Норис на примањето на наградата Ветеран на годината од страна на U.S. Air Force, 2001
Роден(а)Карлос Реј Норис
СопружникЏина O'Кели (1998-сега)
Дајан Холечек (1958-1988)
Мреж. местоhttp://www.chucknorris.com/

Карлос Реј “Чак” Норис (англиски: Carlos Ray "Chuck" Norris)(роден на 10 март 1940) е американски боречки глумец , боречка ѕвезда и телевизиски и филмски глумец кој е познат по боречките улоги како Кордел Вокер во Вокер, Тексаскиот Ренџер .

Животопис[уреди | уреди извор]

Норис е роден во Рајан , Оклахома , син на Вилма и Реј Норис , којшто работел како механичар , шофер на автобус , и камионџија . Дедо му на Норис од таткова страна ( имигрант) И баба му од мајчина страна биле по потекло Ирци додека баба му од таткова страна и дедо му од мајчина страна биле Чироки Американци староседелци . Тој има два помлади браќа , Вилен ( починат ) И Арон ( Холивудски продуцент ) . Кога Норис имал 16 години неговите родители се разведиле и тој заедно со мајка му и браќата се преселиле прво во Канзас , а потоа во Торенс , Калифорнија . Во детството бил неатлетски граден , срамежлив , и среднообразован . Другите деца му се подбивале поради измешаното етничко потекло а Норис сонувал да ги претепа своите “ мачители “ .Норис во својата автобиографија има спомнато дека татко му имал сериозен проблем со пиењето и „ не бил тука “ за него додека растел . Норис има признаено дека го сакал татко му , но дека не му се допаѓал . Како и да е , тој има изјавено дека чувствува сожалување за човекот бидејќи „поради тоа што е таков , има изгубено многу “ .

Во 1958 год , тој им се придружил на Военовоздушните сили како Воздухопловен полицаец и бил испратен во авионската база Осан , Јужна Кореја .Таму Норис го додал својот прекар Чак , И почнал со тренинг на Танг Су До , при што интересот го довел до црн појас . Кога се вратил во САД , продолжил со работа како воздухопловен полицаец во Калифорнија . Норис бил разрешен во 1962 година . Има работено за Northrop Corporation , и има отворено синџир на карате училишта што ги посетувале дури и синот на Чад мек Квин и Стив мек Квин .

Пат кон славата[уреди | уреди извор]

Норис беше поразен во неговите први два турнири , оставајќи да се разрешат Џо Левис и Ален Стин и три меча со Тони Тулинер на Меѓунардното првенство во карате . До 1967 год , Норис се подобрил доволно добро за да извојува победа над Левис , Скипер Мулинс , Арнолд Уркидес , Виктор Мур , Рон Марчини , и Стив Сандрес . Во почетокот на 1968 година , Норис ја претрпел својата десетта и последна загуба во својата кариера , од Луис Делгадо . На 24 ноември 1968 год тој ја одмаздува својата загуба спрема Делгадо и со тоа победува на Професионалното првенство во карате во полусредна категорија , држејќи ја титулата шест последователни години . Во 1969 , тој трократно ја освојува карате – круната за најборбена победа на годината И наградата за Борец на годината од списанието Black Belt .

Исто така , во 1969 год Норис дебитираше како глимец во филмот на Дин Мартин Спасувачката посада. Во 1970 год , неговиот помал брат Веиленд беше убиен во Виетнам . Подоцна ,Норис своите филмови Исчезнат во акција ги посвети меморијално на неговиот брат .На демонстрациите за боречки вештини во Лонг Бич , Норис го запознава познатиот боречки глумец Брус Ли . Во 1972 год тој глумеше одмаздник на Брус Ли во филмот Патот на змејот што видно го издигна како ѕвезда . Во Азија , Норис е сѐ уште познат по оваа улога . Во 1974 год , Мек Квин го охрабри да започне со глума за Метро Голдвин Маер. Чак Норис се пензионира со карате резултат од 183-10-2 .

Првата главна улога на Норис му е доделена 1977 год , Breaker ! Breaker  ! И потоа во следните филмови Октагон( 1980) , Око за око (1981) ,и Осамениот волк Меккад . Во 1984 год , Норис ја имаше главната улога во Исчезнат во акција , првиот од низата на Затвореник од војната ги спасува фантазиите засновани на тема од Виетнамската војна , продуцирани од неговите роднини Израелци Менахем Голан И Јорам Глобус . Спротивно од репортажата , Норис јавно изјави дека улогата на сенсеи на Кобра Каи доџо во Карате дете никогаш не му била понудена .

Во наредните четири години , Норис стана најистакнатата ѕвезда на Канон , појавувајќи се во осум филмови , меѓу кои Кодот на молчењето, Делта моќ, во којшто глумеше со добитникот на наградата на американската Академија за филмски уметности , Луис Џосет . Многу од гореспоменатите филмови се продуцирани од брат му на Чак Норис , Арон , како и некои епизоди на Вокер , Тексашкиот Ренџер . Во 1986 год тој беше вмешан во продукцијата на цртанот Карате Командири на Руби Спирс . Се зборува дека Норис влезе во историјата кога во 1997год стана првиот вестернер во документираната историја на Таиквондо , што му е даден ранкот на 8мо степен црн појас . Како и да е , подоцна излезе дека Норис бил излажан бидејќи пред него, пред неколку години , имало уште најмалку двајца други американци наградени со црн појас .

Вокер , Тексашкиот ренџер[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1980 год , филмовите на Канон изгубиле од важност , а со тоа и нивната ѕвезда Норис . Тој ја репризираше улогата Делта моќ за МГМ , која што ја стекна Канон според писмата на 11 то поглавје банкрот . Пред да премине во телевизија Норис сакал да направи уште неколку значителни филмови . Во 1993 год тој започна со снимањето на сериите Вокер , Тексаскиот ренџер , што се даваше 8 години на ЦБС и подоцна продолжи на Халмарк каналот .

На 7 октомври ,2005 год ЦБС премиерно го емитуваше Вокер , Тексаскиот ренџер како вечерен неделен филм , еднаш неделно . Продукцијата беше продолжение на серијата а не беше напишан да биде обединување со филмот . Норис ја повтори улогота на Кордел Вокер во филмот . Тој изјави дека идниот филм Вокер , Тексашкиот ренџер се очекува во неделните проекти , сепак ова беше нарушено од распоредот 2006-2007 та сезона на ЦБС да нема повеЌе филмови во неделните вечери .

Светска боречка лига[уреди | уреди извор]

Во 2005 год , Норис ја основаше Светската боречка лига , потполен контакт , натпреварување во боречки вештини засновано на тимови .Секој тим ( составен од 5 мажи и една жена ) е од различен регион или град , И лигата се стреми да се рашири во повеЌе градови од САД и да ги содржи и Европските и Азиските лиги .

Дел од Светската боречка лига е посветен за поддршка на добротворната Кикстар на Норис .

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во 1958 год , Норис се ожени со Дајан Холчек .Во 1963 год се родило нивното прво дете , Мајк . Во 1964 год , му се родила неговата ќерка Дина , со жена со која што не бил во брак . Потоа , во 1965год , му се родил вториот син , Ерик , со неговата сопруга . После 30 години во брак , во 1988 год , Норис и Холчек се разведија .

Во ноември , 1998 год , тој се ожени со поранешниот модел Џена о ‘ Кели , родена во 1963 год И помлада од Норис 23 години . О ‘ Кели имала две деца од претходниот брак . Во 2001 година таа роди близнаци . Дакота Алан Норис , момче и Даниел Кели Норис , девојче .

На 22 септември 2004 год , во емисијата Entertainment Tonight , Норис кажа дека неговата ќерка Дина е резултат на вонбрачна афера . Тој ја немал видено сè до нејзината 26 година , иако таа дознала дека тој и е татко кога имала 16 години . Таа му испратила писмо во кое го информира за нивната поврзаност . Окако се сретнале , Норис изјавил дека веднаш знаел дека е негова .

Сега , добродушниот Христијанин , Норис е автор на повеќе книги со христијанска тематика , како Јавачи на правдата .Тој исто така има учевствувано и во неколку телевизиски реклами прмовирајќи ги библиските студии во јавните училишта , како дополнување на оретчувањето на употребата на дрога . Во 2006 год тој почна да пишува колумна за конзервативните вести на мрежната страница WorldNetDaily споделуваќи ги неговите размислувања за вербата , семејството , слободата , државата , лојалноста – дури и за кик-боксот . Во неговите колумни тој ја изразува својата верба во Библиското христијанство , дека тие што се грешни , треба да се свртат кон Исус , И вели дека “ вистинксите патриоти “ не се расправаат за политика и религија . Норис им служи на Управниот одбор на Националниот совет на Библискиот Курикулум на државните училишта , организација која го промовира користењето на Библијата во државните училишта и исто така зборува во име на организациите Што воведуваат службени молитви во државните училишта .

Норис има добиено кафеав појас за Бразилското Џиј-џицу од фамилијата Мачадо .

Политички погледи[уреди | уреди извор]

Норис е Републиканец , често ги застапува погледите на партијата . Од 1988 год , Норис има дадено повеќе од 32.000 $ за Републикански кандидати и организации .

Чак Норис го поддржува правото и власништвото на пиштол , но е против осудувањето на хомосексуалноста во државните училишта . Тој не верува во теоријата на еволуција , туку ја опишува со интелегентна креативност .

На 22 октомври 2007 год , тој го објаувува својот индосман за Претседател пред Арканзанскиот Гувернер Мајк Хукаб . Норис изјави „ Верувам дека едниствениот што ги има сите особини за во иднина да ја предводи Америка е поранешниот Говернер Мајк Хукаб “ .

На 10 мај 2008 год , Норис беше почетниот говорник на Универзитетот Слобода упатувајќи го својот говор на повеЌе од 4.000 дипломирани .

После претседателските избори во 2008 год , Норис му напиша писмо на избраниот Претседател Барак Обама , дека тој треба да го поддржи Уставот , да ги штити правата на неродените , и да не ги следи преседентите на претходните Американски претседатели .

На 18ти ноември 2008 год Норис стана еден од првите членови од шоу бизнисот кој ја даде својата поддршка за Калифорнискиот предлог 8 за забрана на секс од ист пол И ја критукуваше гејската заедница за вмешување во демократскиот развој и двојниот стандард што тој го предвидел од критикување на црквата Морном , изоставувајќи ја критиката на обоените луѓе .

На 29 март 2009 , Норис напиша колумна за WorldNetDaily во која ја искажува можноста Тексас да се оддели од САД и да си избере свој претседател .

Чун Кук До[уреди | уреди извор]

Норис ја основа боречката уметност Чун Кук До , што е заснована на Танг Кук До И вклучува елементи од сите боречки стилови што тој ги познава . Како многу други ументости , Чун Кук До вклучува и код на честа И правила според кои се игра . Овие правила се од законикот на Чак Норис :

1. Максимално ќе ги развијам своите можности на сите полиња .

2. ќе ги заборавам сите грешки од минатото и ќе се втурнам себеси во поголеми достигнувања .

3. Континуирано ќе ја развивам љубовта , среќата И лојалноста во моето семејство .

4. ќе го барам доброто во луѓето и ќе правам да се чувствуваат вредно .

5. Ако немам да кажам ништо добро за една личност , нема да кажам ништо .

6. Секогаш ќе бидам одушевен за успехот на другите , како што сум за мојот .

7. Ќе се држам до ставот отвореност .

8. Ќе имам почит спрема авторитетите и секогаш ќе ја покажувам таа почит .

9. Секогаш ќе останам верен на Господ , државата , семејството и моите пријатели .

10. И понатака Ќе имам високо – ориентирани цели во животот , затоа што позитивниот став ми помага мене , на моето семејство И на мојата земја .

Борбено досие[уреди | уреди извор]

Неговиот рекорд , врз основа на турнирски мечеви се проценува на 183-10-2 , иако некои извори велат дека е 65-5 . Норис освои околу 30 или повеќе турнири , победувајќи просечно по пет противници од турнир . На Њујоршките турнири тој поразуваше по 12-13 противници од турнир .

1964 год : поразува непознат противник во Салт Лејк Сити турнирот ( почеток)

1964 год : поразува непознат противник во полу – финалето на Салт Лејк Сити турнирот

1964 год : е поразен од непознат противник во финалето на Салт Лејк Сити турнирот

1964 год : го поразува Рон Марчини за пола бод во финалето на Так Кубота турнирот во Лос Анџелес , Калифорнија

1965 год : е поразен од Тони Туленерс на Такијати Кубота турнирот во Лос Анџелес , Калифорнија

1965 год  : е поразен од Тони Туленерс

1965 год : е поразен од Тони Туленерс

1965 год : е поразен од Џо Левис

1965 год : го поразува Рон Марчини на Големиот Зимски Државно првенство во Сан Хосе , Калифорнија

1966 год : го освојува Националниот Зимски Карате првенство промовиран од Џим Матер , во Сан Хосе , Калифорнија

1966 год : го поразува Скипер Мулинс

1966 год : го поразува Џо Левис во финалето на ЊујорШкото првенствени турнир

1966 год : го освојува Ол Стар Првенствениот турнир во Лос Анџелес , Калифорнија

1966 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : го освојува американскиот Танг Су До Првенство во Стогтон , Калифорнија

1967 год : поразува 11 противници во елиминациските мечеви на Сите Американски карате првенства во Медисон Сквер Гарден во Њујорк

1967 год : го поразува ХироШИ Накамура ( Јапонец ) во полуфиналето на Сите Американски карате првенства со бодови 12 – 1

1967 год : го поразува Џо Левис за Големиото првенство на Сите Американски карате првенства во Њујорк

1967 год : ја освојува Светската карате титула во средна категорија , во Лонг Бич , Калифорнија

1967 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : на 12ти август 1967 год поразува 11 противници во елиминациските мечеви на Големото меѓународно првенство

1967 год : го поразува Карлос Бундо на Големото меѓународно првенство на 12 август

1967 год : го поразува Џо Левис за еден бод во Големиот Меѓународно првенство на 12 август

1967 год : ги освојува сите Американски првенства промовирани од Хенри Чо

1967 год : го освојува Националниот Танг Су До Турнир , во Силвер Спринг , Мариланд

1967 год : е поразен од Маркос Солат на Кини К. Ванг Турнирот

1967 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : го поразува Џо Левис

1967 год : го поразува Арнолд Уркидез

1967 год : го поразува Виктор Мур

1967 год : го поразува Стив Сандрес

1967 год : ги освојува Сите Американски Карате првенства

1968 год : го поразува Фред Врен во ДалаШкиот Турнир ( Носот на Норис е скршен )

1968 год : го поразува Скипер Мулинс во полу – финалето на Далашкиот Турнир ( Норис се бори со скршен нос )

1968 год : е поразен од Џо Левис во финалето на Далашкиот Турнир ( Норис се бори со скршен нос)

1968 год : е поразен од Џим Бутин во отворачкиот меч на Турнирот во Силвер Спринг , Мериленд

1968 год : го поразува Скипер Мулинс во Лонг Бич , Калифорнија

1968 год : ги освојува Меѓународните ( Тексас , Далас)

1968 год : го поразува Луис Делгадо

1968 год : го поразува Теодор Вонг во Ориент , Њујорк

1968 год : го поразува Луис Делгадо на 24 ноември со бодови 101 спрема 93 за освојување на Светската Професионална титула во средна категорија во Валдорф Асторија , Њујорк ( Норис завршува со скршена вилица )

1968 год : ги освојвуа Сите Американски карате првенства во Њујорк , победувајќи 13 противници

1968 год : го освојува Националниот Турнир на шампиони во Кливленд , Охајо

1969 год : ги освојува Меѓународните

1970 : ги освојува Сите Американски карате првенства во Лонг Бич , Калифорнија

1970 год : на 17ти јануари поразува непознат противник во Спортската Арена во Лонг Бич за Американскиот првенски тим. После мечот , Норис го објавува своето пензионирање .

Фактите за Чак Норис[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 2005 год , Норис стана цел на интернет феноменот познат како “ Фактите за Чак Норис “ , што документира со измислени , најчесто апсурдни , херојски , јуначки дела и одлики за Норис . Феноменот започна со “ Создадените факти за Вин Дизел “ , а фактите за Чак Норис се појавија како придружен производ , најчсто користени се истите факти како и за Вин Дизел . Со време , фактите за Чак Норис станаа популарни , дури и попопуларни од оние на Вин Дизел . Норис има напишано на своето мрежно место , свој одговор за ова пародија , дека не се чувствува навреден од нив и дека дури некои од нив се многу смешни .

На 29 ноември 2007 год , Gothem Books, постариот дел на Penguin УСА , издаде книга насловена Вистината за Чак Норис : 400 факти за најголемиот светски човек , заснована на фактите за Чак Норис . Норис поднесе тужба против Penguin УСА , жалејќи се на повреда на заштитен знак , неправедно збогатување И приватни права .

Филмографија[уреди | уреди извор]

Зелената баретка (1968 ) со Чак Норис како боречки уметник

Спасувачката посада (1969 )

Патот на змејот( 1972)

Студентски професори (1973)

Колеж во Сан Франциско ( 1974 )

Во рамките на Војната (1976 ) документарец

Легендата Брус Ли ( 1977) документарец

Добрите момци носат црно ( 1978 )

Октагон (1980)

Око за око ( 1981)

Тивок бес ( 1982)

Принудена одмазда ( 1982)

Осамениот волк Меккад ( 1983 )

Исчезнат во акција ( 1984 )

Исчезнат во акција 2 Почетокот ( 1985) Кодот на молчењето ( 1985)

Инвазијата на САД ( 1985)

Делта моќ ( 1986)

Карате командири ( 1986) анимирано детско Шоу со Чак Норис , се појавува лично за да го подигне моралот во епизодата

Бредок , исчезнат во акција 3 ( 1988)

Хероите И теророт ( 1988)

Делта моЌ 2: Колумбиски врски ( 1990)

Платен убиец ( 1991 )

Висок авторитет ( 1995)

Шумски воин ( 1996)

Војната на Логан (1998) направен како ТВ филм

Човекот на претседателот ( 2000) Џошуа

Човекот на претседателот 2 : Линија во песокот ( 2002) Џошуа

Ѕвона на невиноста ( 2003 )

Натпреварување (2005)

Платеници 2 (2012)

Наводи[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: