Црква „Св. Петка Римска“ - Враништа

Координати: 41°12′38″N 20°39′50″E / 41.21056° СГШ; 20.66389° ИГД / 41.21056; 20.66389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка Римска

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вранишка
Местоположба

Карта

Координати 41°12′38″N 20°39′50″E / 41.21056° СГШ; 20.66389° ИГД / 41.21056; 20.66389
Место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка Римска
Изградба 2001
Осветување 16 септември 2007
Живопис Васе и Тони Чурковски,
Никола Костоски (иконостас)
Ктитор Верниците и црковниот одбор од Враништа
Архитектонски опис

Света Петка Римска, нарекувана и Света Петка Римјанка, — помала црква во селото Враништа.[1] Црквата се наоѓа кај ОУ „Дедо Лазор Циркоски“.

Историја[уреди | уреди извор]

Таму постоела мала црквичка изградена по Втората светска војна, која повторно била изградена. На тоа место постоеле и два суви бреста кои никој не смеел да ги исече, но поради старост паднале и двата.[2]

Почетокот на изградбата на црквата „Св. Петка Римјанка“ почнал во 2001 година, кога од страна на владиката г. Тимотеј бил осветен камен темелникот. Ктитори на црквата се верниците и црковниот одбор од Враништа, на чело со парохискиот свештеник Ристе Наумоски. Проектант на црквата е Петко Груевски. Фреските и иконите на иконостасот ги изработиле Васе и Тони Чурковски од Струга, а резбаниот иконостас е дело на Никола Костоски. Црквата била осветена на 16 септември 2007 година.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 180–183.
  3. Игор Никовски. „Осветување на нова црква на света Петка во с. Враништа, струшко“. Македонска Православна Црква. Посетено на 21 јули 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]