Црква „Св. Петка“ - Церово

Координати: 41°43′18.4″N 20°50′29.4″E / 41.721778° СГШ; 20.841500° ИГД / 41.721778; 20.841500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Мавровска
Местоположба

Карта

Координати 41°43′18.4″N 20°50′29.4″E / 41.721778° СГШ; 20.841500° ИГД / 41.721778; 20.841500
Место Церово
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Осветување 25 октомври 2015
Архитектонски опис

Света Петка — помала селска црква во гостиварското село Церово, Македонија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа над последните куќи од селото, до која води земјена патека.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била осветена на 25 октомври 2015 година. Ктитори се Димчо и Даниела Трпески.[1] На самиот влез од црквата, се наоѓаат икони на архангел Гаврил и Архангел Михаил, кои за жал се насликани со орудија во рацете.

Покрај тоа, црквата има икони и од светците Антоние, апостол Петар, апостол Павле и света Петка. На иконостасот има фрески и икони од Исус Христос, Богородица и Свети Јован Крстител.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Осветување на новиот храм „Св. Петка" с. Церово-Гостиварско. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-10-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]